Младиот кромид може да ви помогне да го намалите шеќерот

Фев 11, 2022 | Здрава храна

Богат со витамини и минерали, младиот кромид е вистинска ризница на хранливи и лековити состојки. Освен калиум, сулфур, и разни олигоелементи, оваа нискокалорична намирница ги содржи и витамините Б1, Б2, Ц, Е, К, П (особено во зелениот дел), како и каротен, гликозиди, етерични масла и растителниот хормон глукокинин (сличен на инсулинот) кој го намалува нивото на шеќер во крвта.

Докажано е дека витамините и минералите содржани во кромидот благотворно делуваат на целокупното здравје, а особено на кардиоваскуларниот и нервниот систем. Освен тоа, благодарение на богатството од есенцијални масла и лековити ароматични супстанци, оваа лековита намирница делува како природен антибиотик и ги уништува штетните бактерии во цревата.

Сокот од младото кромидче се користи во народната медицина како лек против разни кожни инфекции. Помешан со лажица мед, помага при благите респираторни проблеми бидејќи го олеснува искашлувањето, го лекува воспалението на крајниците и зарипнатоста. И тоа не е се.
Младиот кромид има и диуретички својства поради што се користи и како природен лек за регулирање на варењето на храната. Не им се препорачува единствено на лицата кои страдаат од гастритис бидејќи стимулира лачење на желудечни сокови.

Колку навистина шеќер има во една банана?!

Колку навистина шеќер има во една банана?!

Со порастот на диетите со малку јаглехидрати во последниве години, често се слуша препораката дека кога јадете овошје, треба да избегнувате банани бидејќи „имаат премногу шеќер“. Со порастот на диетите со малку јаглехидрати во последниве години, често се слуша...

Здрави енергетски бомбици без шеќер и брашно готови за пет минути

Здрави енергетски бомбици без шеќер и брашно готови за пет минути

Слатките не мора секогаш да бидат нездрави и полни со шеќер и брашно. Од неколку состојки можете да направите хранливи енергетски бомбици, а потребни се само пет минути. Една од главните состојки се урмите, кои се многу здрави и пожелни во исхраната. Состојки: 200...

Сите пијат вода со лимон, но ова овошје е едноставно „магично“ – еве како да си направите енергетски еликсир

Сите пијат вода со лимон, но ова овошје е едноставно „магично“ – еве како да си направите енергетски еликсир

Истражувањата покажуваат дека сувото грозје е корисно и за крвниот притисок и за кардиоваскуларното здравје. Во народната медицина постојат различни природни пијалоци кои благотворно делуваат на организмот. Често слушаме за тоа колку е добро водата да се пие со лимон,...

Рецепт за домашен и ПОСЕН мајонез

Рецепт за домашен и ПОСЕН мајонез

За сите љубители на мајонез, ви носиме поздрава верзија за да уживате во омилениот намаз без да биде толку мрсен и нездрав. За сите љубители на мајонез, ви носиме поздрава верзија за да уживате во омилениот намаз без да биде толку мрсен и нездрав. Потребно е: 50 ml...