Ресторанот „Минами“ блесна во нов амбиент !

Мар 31, 2019 | Македонска Кујна

Вила Минами се наоѓа во селото Коњско во Националниот парк Галичица, поставена на 1100 метри над морските висина. Вилата се наоѓа на 11 километри од центарот на Охрид и на само 3 километри од најблиската плажа.

Куќата е опкружена со планината Галичица, големи убави ливади, збогатена со уникатен прекрасен поглед на целото Охридско Езеро. Уживајќи во мирот, тишината и звукот на птиците, тука можете да ја пробате традиционалната домашна кујна придружена со чаша домашно вино, ракија или сок.

Ресторанот е комплетно реновиран и сега располага со капацитет од 120 столчиња. Квалитетот на храната, услугата и топлиот амбиент се задржани, а угостителскиот комплекс надополнет со место за престој е вистински избор за одмор и релаксација далеку од градската бучава.

 

 

Ресторанот е отворен за секаков вид на веселби. Уникатното мени низ кое се преплетуваат вкусовите на националната кујна и специјалитетите по нарачка ја будат имагинацијата. „Минами“ мисли и на најмладите посетители на кои на располагање им стои детско катче кое е опремено со разни забавни реквизити за спокоен престој.

За целото патување да биде подобро, во близина на Вила МИНАМИ се наоѓа црквата изградена во 1921 година, старото село со стари куќи од 1920, место каде што можете да направите  прекрасни фотографии.

Ресторанот „Минами“ работи секој ден од 8 до 23 часот, а резервации и нарачки може да се направат на бројот 076 900 007.

Од оваа година во „Минами“ може да се изнајмат и четириколки и да се ужива во авантура низ живописните планински предели од каде се пружа прекрасна глетка на белото езеро, од која застанува здивот.

Објавена листата, ова се најлошо оценетите македонски јадења

Објавена листата, ова се најлошо оценетите македонски јадења

Популарниот портал за гастрономија, Taste Atlas, објави листа на најлошо рангирани македонски јадења, врз основа на оценките на корисниците на оваа страница. Најлоша оценка има кукурек, односно оценето е како најлошо јадење. Најдобра оценка од 10-те најлоши јадења...

Направете неодоливи КРОКЕТИ ОД КОМПИР: Крцкави однадвор, меки одвнатре – повкусни од купечките

Направете неодоливи КРОКЕТИ ОД КОМПИР: Крцкави однадвор, меки одвнатре – повкусни од купечките

Крокетите од компир најчесто се служат како додаток на главните јадења, а неодоливата комбинација на меко и крцкаво ги направи толку популарни. Се верува дека настанале во Франција кон крајот на 19 век. Можете да ги купите во продавница, но најдобро е сами да ги...

Заборавете на сите други рецепти: Ова е најдобрата смеса за палачинки!

Заборавете на сите други рецепти: Ова е најдобрата смеса за палачинки!

Подготовката на смесата за палачинки треба да биде една од наједноставните потфати во кујната, но колку и да изгледа едноставна подготовката на смесата, има чести дискусии за мали трикови што ќе обезбедат меки и вкусни палачинки. Овие трикови обично се поврзани со...

Рецепт за полнети печени патлиџани кои ќе ве одушеват со неверојатниот вкус

Рецепт за полнети печени патлиџани кои ќе ве одушеват со неверојатниот вкус

Вкусно и визуелно многу привлечно јадење – полнетите печени домати се вистинска рапсодија на вкус, боја и арома, а сите ќе уживаат во оваа комбинација. Кускусот е храна која се добива од здробена тврда пченица и е многу популарна храна во кујните на арапските земји....