Мелем за душа – домашен бурек со месо

Мар 4, 2019 | Uncategorized

Подготовка:

Измесете тесто од 500 г. брашно, вода и сол. Месете, а потоа обликувајте 8 топчиња. Секое точе нека тежи 100 грама.
Во сад сипете 120 мл. масло и во него ставете ги топчињата и оставете ги да отстојат во маслото 30 минути до 1 час во ладилник. Ако ги оставите преку целата ноќ уште подобро, со тоа што пред развивање мора да отстојат 20 минути на собна температура.
Филот правете го така што на загреано масло (1-2 лажици) ќе го испржите кромидот додека да стане стакленикав, потоа додадете го меленото месо, промешајте, додадете сол и бибер, па динстајте додека месото не добие боја.
Тргнете од оган и оладете.
На памучна крпа сипете малку брашно и на него ставете ги топчињата.

Тегнете прво со рацете а потоа со сукало до посакуваната големина. Колку потенко – толку подобро.

Посипете го тестото со брашно за да не се лепи.
Потоа, тестото филувајте го со месо и ролајте. Вака подготвен бурекот ставете го во добро подмачкана тепсија.

Секој бурек дополнително измастете го. Ставете во рерна претходно загреана на 190 – 200 степени.
Бурекот се пече 30 минути додека не зарумени.

Состојки:

  • 500 г. Брашно
  • 260 мл. млака вода
  • 15 г. сол
  • 1 лажица масло
  • За фил:
  • 2-3 лажици масло
  • 1 главица кромид ситно исецкан
  • 500 гр. Јагнешко
  • пола лажичка сол
  • пола лажичка мелен бибер
  • 120 мл. масло
ТОРТА СО ПЛАЗМА ЗА 20 МИНУТИ: Две совршени комбинации кои сите ги сакаат

ТОРТА СО ПЛАЗМА ЗА 20 МИНУТИ: Две совршени комбинации кои сите ги сакаат

Во продолжение погледнете како да подготвите плазма колач во неколку едноставни чекори. Постојат многу рецепти со мелени бисквити, но ретко кој е вака автентичен, со вкус кој се памети долго. Плазма колачот се подготвува многу брзо, со оглед на тоа дека на еден фил му...

ВИДЕО: Бурек по рецептот на баба

ВИДЕО: Бурек по рецептот на баба

Наместо сирење, може д Наместо сирење, може да биде со месо – и, навистина, добиваме врвен модифициран бурек, полн со фил. За овој врвен рецепт ќе ви биде потребно: 200 гр сирење; 500 гр потенки готови кори; 100 мл кисела вода; ½ прашок за печиво; 1 лажица кисела...

Памук колач: Со три состојки направете превкусен десерт

Памук колач: Со три состојки направете превкусен десерт

Чоколадото се става да се растопи на пареа Потребно е: 3 јајца 120 грама бело чоколадо 120 грама крем сирење (намаз од сирење) Подготовка: Чоколадото се става да се растопи на пареа. Одделете ги жолчките и белките и изматете ги белките додека не се стегнат. Кога...

Ова е рецепт за највкусните посни колачи

Ова е рецепт за највкусните посни колачи

Вистински хит на посните веселби се секогаш малите колачи. Гостите ги обожаваат, но на домаќинките им задаваат вистинска мака. Ги има толку многу и треба да го изберете најдобриот и највкусниот рецепт. Ви носиме рецепт за највкусните колачиња, по рецептот на баба: За...