ТОРТА СО ПЛАЗМА ЗА 20 МИНУТИ: Две совршени комбинации кои сите ги сакаат

Апр 3, 2024 | Uncategorized

Во продолжение погледнете како да подготвите плазма колач во неколку едноставни чекори.

Постојат многу рецепти со мелени бисквити, но ретко кој е вака автентичен, со вкус кој се памети долго.

Плазма колачот се подготвува многу брзо, со оглед на тоа дека на еден фил му треба околу еден час во фрижидер да се стегне.

Во продолжение погледнете како да подготвите плазма колач во неколку едноставни чекори.

Состојки:

  • 100 грама маргарин или путер
  • 200 грама шеќер во прав
  • 600 грама мелени бисквити
  • 400 милилитри млеко
  • 300 до 400 грама слатка павлака

Подготовка:

Во сад се ставаат маргаринот на собна температура и шеќерот во прав (100 грама), па сето тоа се мати со миксер. Потоа додадете мелена плазма (300 грама) и млеко (200 милилитри), измешајте со миксер. По мешањето, смесата треба да биде мазна и соединета.

Подгответе калап 30х20 сантиметри. Добиениот фил ставете го на дното и измазнете го со шпатула. Оставете во фрижидер да се стегне.

Во сад измешајте 100 грама шеќер во прав и 200 милилитри ладно млеко, па изматете со миксер. Потоа додадете ја слатката павлака и повторно изматете, па измазнете ја со шпатула. Додадете 300 грама мелена плазма. По еден час во фрижидер, извадете ја кората и одозгора ставете го овој плазма фил. Измазнете, а одозгора ставете изматена слатка павлака или шлаг по избор.

Украсете со мали плазми или мелени бисквити.

 

ВИДЕО: Бурек по рецептот на баба

ВИДЕО: Бурек по рецептот на баба

Наместо сирење, може д Наместо сирење, може да биде со месо – и, навистина, добиваме врвен модифициран бурек, полн со фил. За овој врвен рецепт ќе ви биде потребно: 200 гр сирење; 500 гр потенки готови кори; 100 мл кисела вода; ½ прашок за печиво; 1 лажица кисела...

Памук колач: Со три состојки направете превкусен десерт

Памук колач: Со три состојки направете превкусен десерт

Чоколадото се става да се растопи на пареа Потребно е: 3 јајца 120 грама бело чоколадо 120 грама крем сирење (намаз од сирење) Подготовка: Чоколадото се става да се растопи на пареа. Одделете ги жолчките и белките и изматете ги белките додека не се стегнат. Кога...

Ова е рецепт за највкусните посни колачи

Ова е рецепт за највкусните посни колачи

Вистински хит на посните веселби се секогаш малите колачи. Гостите ги обожаваат, но на домаќинките им задаваат вистинска мака. Ги има толку многу и треба да го изберете најдобриот и највкусниот рецепт. Ви носиме рецепт за највкусните колачиња, по рецептот на баба: За...

Рецепт на денот: Пита со јаболка и брусница

Рецепт на денот: Пита со јаболка и брусница

Подгответе ја оваа пита која ќе го израдува целото семејство. Питата се подготвува многу едноставно, а ќе уживате во нејзиниот вкус. Состојки: 700 гр. јаболка Две шолји брусница ¾ шолји шеќер Три лажици пченкарен скроб Лажица рендана кора од лимон Половина лажица...