ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 500 г мелено месо
- 1 голема главица кромид
- Сол, црн пипер
- ½ лажичка мелен ким
- ½ лажичка мелена лут пипер (чили) или црн пипер
- 1 лажица сечкан магдонос
ЗА СОС:
- 500 г доматен сос/ домати од конзерва
- 1 чешне лукче или повеќе
- 1 лажичка мелен лут пипер (чили) или црн пипер
- 1 лажичка коријандер
- Сол, црн пипер
ПОСТАПКА:
Кромидот исечкајте го ситно или изрендајте го, па пропржете го на масло да стане стаклест.
Во длабока чинија ставете го меленото месо, додадете го динстаниот кромид и зачините. Сето убаво изедначете и оставете половина час во фрижидер. Потоа обликувајте мали топчиња и пржете ги во загреано масло.
Ќофтенцата вадете ги на чинија, а истото масло пропржете ситно сечкано лукче, додадете коријандер во зрно, мелена лута пиперка и сечкани домати од конзерва.
Сето гответе го 10-тина минути додека да згусне сосот. Ставете ги ќофтињата во сосот и гответе уште неколку минути. Наросете со сечкан магдонос и послужете топло.