Одличен избор за овие студени зимски денови заедно со топол леб и бело сирење. За оние кои никогаш не ја пробале оваа неверојатна комбинација, еве го рецептот:
Потребно е:
- 3 страка праз, многу ситно исечкан
- 400 мл доматен сос или конзерва пелати
- сол и бибер
- масло за јадење
Подготовка:
Во подлабоко тенџерче, ставете масло да се загрее. На загреаното масло ставете го празот да се пропржи. Посолете го и мешајќи пржете го околу 10 минути.
Потоа, ставете го доматниот сос, зачинете со сол и бибер и оставете да се крчка малку, додека да се соединат состојките.
Во мало шолјиче ставете една лажичка брашно и малку вода. Измешајте ги со вилушка за да нема грутки и ставете ја течноста во тенџерето. Варете додека да се згусне целата смеса.
Сервирајте топло.