Потребни состојки за 4 лица :
1/2 главица свежа зелка
750 гр брашно
4 главици кромид
250 гр ориз
масло за јадење
сол и црн пипер
Начин на подготовка :
Главиците кромид ситно ги сечкаме и ги пржиме во тенџере на оган со загреано масло . Во тенџере со вода на оган го ставаме оризот да се вари. Зелката ситно ја сечкаме и откако кромидот ќе омекне ја додаваме во тенџерето. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и промешуваме. Откако зелката ќе се испжи го тргаме пенџерето од оган. Сварениот ориз го истураме во целдака и го плакнеме со студена вода. Исцедениот ориз го додаваме во тенџерето со зелката и промешуваме. Брашното го посолуваме, додаваме масло и постепено додавајќи вода со рака замесуваме тесто. Продолжуваме тестото да го месиме со раце на набрашнета работна маса. Го сечеме тестото на пет еднакви дела и од секое парче тесто со сукалка развлекуваме кора. Првата кора ја намотуваме на сукалката и ја нанесуваме кората на кујнски чаршав. Ја попрскуваме кората со масло, врз кората нанесуваме од филот и со помош на чаршавот ја виткаме филуванта кора во ролат. На истиот начин ги подготвуваме сите ролати и во форма на круг ги редиме во намрсена тркалезна тава за печење. Со четка ги намрснуваме со масло. Ја ставаме тавата во рерна и печеме 45 минути на температура од 180 с . Ја сечеме питата на парчиња и неколку парчиња ставаме на чинија за сервирање . На средината на чинијата украсуваме со листови црвена украсна зелка и гранчиња магдоност.
Добар апетит !