Состојки за 2 лица
- 600-800 грама јагнешко месо
- Сол
- 400 грама зеленчук (млад кромид, компири, моркови, келераба)
- Масло за јадење
Подготовка: Јагнешкото месо се трие со сол, се мачка со масло и се пече еден и по час во рерна на 180 степени. Кога е месото наполу печено, се додава исечениот зеленчук и, сето тоа заедно, се пече додека зеленчукот не се испече. По желба на јагнешкото печено месо се додава и копер, а додека се пече може да се полива со пиво или вино. На овој начин јагнешкото печено месо се приготвува во домашни услови.