СЛАТКА ЗИМНИЦА ЗА ДИЈАБЕТИЧАРИ

Дек 1, 2017 | Здрава храна

ијабетичарите не смеат да внесуваат шеќери, па често мора да се откажат од благите работи, особено од домашно подготвените слатка кои содржат многу шеќер. Затоа Ви претставуваме рецепти за мармалад и џем, кои се подготвуваат со вештачки засладувач и кои можат да ги конзумираат сите, бидејќи се безбедни и за дијабетичари. Овие рецепти им ги препорачуваме и на оние кои се на диета ?

Мармалад од праски:

Потребни состојки:

1,5 кг нектарин/вештачки засладувач

4 ќесички желатин

600 мл. сок од јаболка

2 лажички фруктоза

3 кг. Праски

Припрема: Праските измијте ги, излупете ги и испасирајте ги. Во изгмечените праски додајте го сокот од јаболка и фруктозата. Смесата ставете ја во тенџере на оган и гответе со постојано мешање. Откако течноста ќе испари, тргнете го тенџерето од оган. Желатинот разматете го во студена вода и оставете го да набабри. Потоа додадете го во мармаладот и добро промешајте. Мармаладот ставете го во тегли додека е сеуште топол.

Џем од кајсии:

Потребни состојки:

1 кг кајсии

1 диња

1 лимон

250 гр. вештачки засладувач

Припрема: Кајсиите измијте ги и излупете ги, а дињата измијте ја и отстранете и ги семките. И кајсиите и дињата исецкајте ги на ситни коцкички.

Изматете го овошјето со миксер и во смесата додадете сок од 1 лимон. Во смесата додајте 100 мл. вода и шеќер и во тенџере на сад варете го џемот се додека не испари течноста. Постојано мешајте, а кога џемот ќе се згусне, оставете го 4 минути да врие.

Како и мармаладот, и џемот ставете го во тегли додека е уште топол.

Колку навистина шеќер има во една банана?!

Колку навистина шеќер има во една банана?!

Со порастот на диетите со малку јаглехидрати во последниве години, често се слуша препораката дека кога јадете овошје, треба да избегнувате банани бидејќи „имаат премногу шеќер“. Со порастот на диетите со малку јаглехидрати во последниве години, често се слуша...

Здрави енергетски бомбици без шеќер и брашно готови за пет минути

Здрави енергетски бомбици без шеќер и брашно готови за пет минути

Слатките не мора секогаш да бидат нездрави и полни со шеќер и брашно. Од неколку состојки можете да направите хранливи енергетски бомбици, а потребни се само пет минути. Една од главните состојки се урмите, кои се многу здрави и пожелни во исхраната. Состојки: 200...

Сите пијат вода со лимон, но ова овошје е едноставно „магично“ – еве како да си направите енергетски еликсир

Сите пијат вода со лимон, но ова овошје е едноставно „магично“ – еве како да си направите енергетски еликсир

Истражувањата покажуваат дека сувото грозје е корисно и за крвниот притисок и за кардиоваскуларното здравје. Во народната медицина постојат различни природни пијалоци кои благотворно делуваат на организмот. Често слушаме за тоа колку е добро водата да се пие со лимон,...

Рецепт за домашен и ПОСЕН мајонез

Рецепт за домашен и ПОСЕН мајонез

За сите љубители на мајонез, ви носиме поздрава верзија за да уживате во омилениот намаз без да биде толку мрсен и нездрав. За сите љубители на мајонез, ви носиме поздрава верзија за да уживате во омилениот намаз без да биде толку мрсен и нездрав. Потребно е: 50 ml...