Чудотворен чај: Ќе ви ги опушти мускулите, но и мислите

Окт 25, 2017 | Пијалоци (Шејкови)

Нашето општо здравје зависи од количината на сонот. Доколку спиете долго и квалитетно, вие автоматски го заштитувате вашето ментално здравје и го подобрувате квалитетот на својот живот.

Од друга страна пак, лошиот сон може да биде последица од неколку фактори, но најчестите причини се лошата исхрана, анксиозноста, недостатокот на витамини и минерали, како и лошиот и неорганизиран животен стил.

Сите овие нешта кои водат кон недостаток на сон, потоа резултираат со намалено ниво на енергијата, појава на депресија, слабост, болести и други видови здравствени потешкотии. Но, благодарение на овој чудотворен чај од само 3 состојки, кои најверојатно веќе ги имате во вашиот дом, вие можете да го подобрите квалитетот на сонот, додека истовремено ги опуштите вашите мускули и мисли.

Бананата, една од состојките, е богата со калиум и магнезиум, па токму поради тоа и го подобрува квалитетот на сонот. Од друга страна, циметот на природен начин го опушта и смирува телото, подобрувајќи ја циркулацијата и регулирајќи го варењето…

Потребни состојки:
  • 1 банана
  • Прстофат цимет
  • 1 литар вода
Начин на подготовка:

Зовријте ја водата и додајте во неа бананата, исечкана, а потоа оставете ги уште малку да вријат на оган. За неколку минути, исцедете го чајот низ цедилка, додајте цимет и испијте го саат време пред да си легнете. Овој чудотворен чај ќе ги смири вашите живци и ќе ви овозможи мирен сон.

Ќе ви ја згрее душата и ќе ве воодушеви од првата голтка: Кафе ЛАТЕ со тиква

Ќе ви ја згрее душата и ќе ве воодушеви од првата голтка: Кафе ЛАТЕ со тиква

Во мало тенџере на средна топлина загрејте го млекото додека не се загрее, но не и врие. Сварете го кафето и истурете го во шолја, а потоа додадете го пирето од тиква, засладувачот, зачинот и екстрактот од ванила и убаво измешајте. Направете пена со жица за млеко, па...

Безброј придобивки од ѓумбирот, подгответе си здравје во чинија и чаша

Безброј придобивки од ѓумбирот, подгответе си здравје во чинија и чаша

Оваа разноврсна суперхрана има безброј здравствени придобивки, од лекување на болести до намалување на болката во мускулите. Но, поради што ѓумбирот е навистина толку супер? Без разлика дали сакате да додадете зачин во вашата храна или да го зачините кафето за огнен...

Сакате едно поинакво кафе: Овој рецепт ги воодушеви многумина

Сакате едно поинакво кафе: Овој рецепт ги воодушеви многумина

Сите состојки Состојки: 1 замрзната банана (исечена на прстени) ½ шолја кафе ½ шолја бариста млеко од растително потекло (или млеко по ваш избор) 1 лажица какао во прав 1 лажица ленено семе ½ чаша ванила или чоколаден протеин во прав 1 лажица путер од јаткасти плодови...

Направете го сами омилениот летен коктел дома: Уживајте како да сте во бар на плажа

Направете го сами омилениот летен коктел дома: Уживајте како да сте во бар на плажа

Најубавиот летен коктел за пријатно попладне или почеток на вечерта Од скромните почетоци во малите барови низ северна Италија, ритуалот на пиење Аперол се рашири низ континентите, а луѓето ширум светот се поврзуваат преку љубовта да уживаат во овој коктел, кој...