Имаме чест и задоволство да Ве поканиме на настан по повод одбележување на Светскиот ден на храната, на 16 октомври 2018 година (вторник) во ООУ “Аврам Писевски”, с. Бардовци, Скопје, со почеток во 10:30 часот.
Настанот го организираат Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во соработка со ООУ “Аврам Писевски”, граѓанските организации“Слоу Фуд Водно”и“Ајде Македонија”.
Секоја година, на 16 октомври, ФАО, во повеќе од 130 земји во светот, заедно со националните партнери (владите, академијата, граѓанските организации, приватниот сектор, земјоделците) го слави својот роденден, преку глобална прослава позната како Светски ден на храната. Целта за Светот Без Глад или SDG 2 (да се стави крај на гладот, да се постигне достапност на храната и подобрена исхрана за секого, да се унапреди одржливото земјоделство и да се искорени сиромаштијата) е во сржта на мисијата на ФАО и една од 17-те Цели за одржлив развој на Обединетите Нации што треба да се остварат до 2030 година.




