Хрватски пенливи вина од дното на Јадранот и вина од амфора

Дек 5, 2017 | Пијалоци (Шејкови)

Оваа година на Винодонија се случи дегустација на сосема нова винска филозофија која е заборавена повеќе илјадници години. По стапките на древни рецепти што ги користеле старите римјани и Грци, овој начин е во суштина винификација со својот сопствен квас. Употребата на амфора во процесот на производство на вино овозможува да се зголеми квалитетот на самата мацерација.

Ова е вистинското богатство на ароми. Во овие вина можеме да почувствуваме ароми на суво грозје, свеж рогач и карамел, обвиткани со нежна минерална соленикавост, смокви или меки медни ароми на коњак. Виното е богато и хармонично кое дискретно го крие неговото благородно потекло, со испреплетени мириси и чиниш чуден морски вкус кој ќе го натера човека да размислува за едноставните вредности што ни ги дава Земјата.

Ова е дегустационата листа, со нашите дегустациони забелешки:

1. PZ Vrbnik, Valomet
Рамен вкус. Без премногу ароми и вкусови.

2. Adriatic Shell- Pag
Нежен вкус со арома на море. После неколку голтки многу е веројатно дека ќе ве потсети на вкусот на солената морска вода.

3. Kos-Jurišić, Chardonnay 2015 – Zelina
Вино со изразени цветни ароми, добро урамнотежено и многу свежо. Вкусот во устата скоро е неприметлив. Елегантно добро структурирано вино.

4. Crljenak 2014 – Zadar
Неверојатно силни ароми на карамел. Чуден, но пријатен вкус кој потсеќа на мирисот на морскиот ветер.

5. Navis Mysterium, Plavac mali 2012
Вино зреено 2 години во морските води. Минерален вкус со исклучително овошен мирис и мирис кој потсеќа на свеж рогач. Обзема со пријатна морска свежина, но и со својата чудна, но пријатна грубост.

6. Tomac, Pjenušac amfora 2010
Неверојатен спој на мириси кои потсеќаат на смола и минерали. Од време на време имате чувство дека пиете оксидирано вино со чуден неодредено слатко соленикав аромат, но неговите неверојатни мириси на карамел и недозреани дуњи го прави неверојатно искуство.

7. Šember, Qvevri 2011 (Rhein Riesling)
Ризлинг во амфора со ароми на свеж рогач со минерална соленикавоост. Едноставно вино со срамежлива елеганција.

8. Kabola, Malvazija Amfora 2005
Неверојатно нежно вино, со чудна соленикаво слатка арома на смокви. Шири неверојатни ароми, но при допир со непцето не остава долг завршеток.

 

Ќе ви ја згрее душата и ќе ве воодушеви од првата голтка: Кафе ЛАТЕ со тиква

Ќе ви ја згрее душата и ќе ве воодушеви од првата голтка: Кафе ЛАТЕ со тиква

Во мало тенџере на средна топлина загрејте го млекото додека не се загрее, но не и врие. Сварете го кафето и истурете го во шолја, а потоа додадете го пирето од тиква, засладувачот, зачинот и екстрактот од ванила и убаво измешајте. Направете пена со жица за млеко, па...

Безброј придобивки од ѓумбирот, подгответе си здравје во чинија и чаша

Безброј придобивки од ѓумбирот, подгответе си здравје во чинија и чаша

Оваа разноврсна суперхрана има безброј здравствени придобивки, од лекување на болести до намалување на болката во мускулите. Но, поради што ѓумбирот е навистина толку супер? Без разлика дали сакате да додадете зачин во вашата храна или да го зачините кафето за огнен...

Сакате едно поинакво кафе: Овој рецепт ги воодушеви многумина

Сакате едно поинакво кафе: Овој рецепт ги воодушеви многумина

Сите состојки Состојки: 1 замрзната банана (исечена на прстени) ½ шолја кафе ½ шолја бариста млеко од растително потекло (или млеко по ваш избор) 1 лажица какао во прав 1 лажица ленено семе ½ чаша ванила или чоколаден протеин во прав 1 лажица путер од јаткасти плодови...

Направете го сами омилениот летен коктел дома: Уживајте како да сте во бар на плажа

Направете го сами омилениот летен коктел дома: Уживајте како да сте во бар на плажа

Најубавиот летен коктел за пријатно попладне или почеток на вечерта Од скромните почетоци во малите барови низ северна Италија, ритуалот на пиење Аперол се рашири низ континентите, а луѓето ширум светот се поврзуваат преку љубовта да уживаат во овој коктел, кој...