Три совршени пролетни рецепти – ручек готов за 20 минути

Мар 21, 2019 | Македонска Кујна

Во пролетните месеци предност му се дава на зеленчукот од кој можете да подготвите извонредни јадења.

Ви нудиме неколку рецепти кои се едноставни за подготовка, а многу вкусни.

Макарони со туна

Потребно е:

  • 300-350 грама тестенини
  • 300 грама туна во парчиња
  • неколку листови зелена салата
  • 3 домати

За прелив

  • сок од еден лимон
  • 50 мл маслиново масло
  • сол
  • крупно мелен бибер
  • магдонос

Подготовка:

Сварете ги тестенините, исцедете ги и оставете ги да се оладат.

Парчињата туна исцедете ги од нивниот сок и измешајте ги со тестенините.

Додадете ги листовите салата сечени на парчиња и парчињата домат.

Зачинете со дресинг од лимонов сок и маслиново масло и промешајте ја салатата.

Внимавајте да не ги згмечите парчињата туна.

Лазањи со брокула

Потребно е:

  • пакување кори за лазањи
  • 800 грама брокула
  • сол, бибер
  • 200 грама кашкавал

За бешамел сос:

  • 100 грама путер
  • 100 грама брашно
  • 1 литар млеко
  • лажичка сол

Подготовка:

Брокулите измијте ги, одделете ги на цветови и избланширајте ги.

Корите за лазањи подгответе ги според упатството на пакувањето.

За бешамел сосот – на силен оган стопете го путерот, па додајте го брашното и пржете околу две минути со постојано мешање за да не ви загори

. Потоа тргнете го од оган и ставете околу третина од количината на млеко и силно мешајте за да не останат грутки.

Вратете ја смесата на шпорет и гответе на тивок оган со повремено додавање на преостанатото млеко.

На крајот послолете го сосот и оставете го да се олади.

Во тава наредете ги лазањите, сосот, брокулите, ренданиот кашкавал, па повторете ја постапката додека не го потрошите материјалот.

Кратко запечете во рерна.

Полнети тиквици

Потребно е:

  • 2 поголеми тиквици
  • лажица пармезан
  • лажица сечкан магдонос
  • прстофат босилок
  • мала главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • сол
  • лажица кисела павлака
  • сирење
  • домат

Подготовка:

Исечете ја тиквицата на кругови дебели десетина сантиметри.

Со лажица издлабете ги за да добиете корпа, а средината сочувајте ја.

Тиквиците потоа малку посолете ги и истријте ги со кромид.

На малку зејтин пропржете го исечениот кромид и лук и средината од тиквичките.

Додајте го исецканиот домат и зачини, па продолжете да пржите додека не испари сокот од доматот.

Во изладената смеса додајте го пармезанот и киселата павлака.

Тиквичките наредете ги во тава која претходно сте ја намачкале со зејтин, наполнете ги со филот и печете ги 15 минути на 180 степени.

Севрирајте и украсете со магдонос.

Објавена листата, ова се најлошо оценетите македонски јадења

Објавена листата, ова се најлошо оценетите македонски јадења

Популарниот портал за гастрономија, Taste Atlas, објави листа на најлошо рангирани македонски јадења, врз основа на оценките на корисниците на оваа страница. Најлоша оценка има кукурек, односно оценето е како најлошо јадење. Најдобра оценка од 10-те најлоши јадења...

Направете неодоливи КРОКЕТИ ОД КОМПИР: Крцкави однадвор, меки одвнатре – повкусни од купечките

Направете неодоливи КРОКЕТИ ОД КОМПИР: Крцкави однадвор, меки одвнатре – повкусни од купечките

Крокетите од компир најчесто се служат како додаток на главните јадења, а неодоливата комбинација на меко и крцкаво ги направи толку популарни. Се верува дека настанале во Франција кон крајот на 19 век. Можете да ги купите во продавница, но најдобро е сами да ги...

Заборавете на сите други рецепти: Ова е најдобрата смеса за палачинки!

Заборавете на сите други рецепти: Ова е најдобрата смеса за палачинки!

Подготовката на смесата за палачинки треба да биде една од наједноставните потфати во кујната, но колку и да изгледа едноставна подготовката на смесата, има чести дискусии за мали трикови што ќе обезбедат меки и вкусни палачинки. Овие трикови обично се поврзани со...

Рецепт за полнети печени патлиџани кои ќе ве одушеват со неверојатниот вкус

Рецепт за полнети печени патлиџани кои ќе ве одушеват со неверојатниот вкус

Вкусно и визуелно многу привлечно јадење – полнетите печени домати се вистинска рапсодија на вкус, боја и арома, а сите ќе уживаат во оваа комбинација. Кускусот е храна која се добива од здробена тврда пченица и е многу популарна храна во кујните на арапските земји....