Три напивки за регулирање на хормоните кои жените треба да ги пијат секој ден

Апр 23, 2019 | Пијалоци (Шејкови)

Темата за балансирано хормонално здравје со години станува сѐ поактуелна.

Со тек на времето, секоја жена доаѓа во фаза кога има проблеми со регулирањето на хормоналниот статус.

Во одредени ситуации неопходно е пиење одредени лекови, но некои состојби може да се регулираат и по природен пат.

Овие се три природни рецепти кои го стабилизираат лачењето на хормоните:

Топла вода со лимон
Топлата вода со лимон придонесува при намалувањето на телесната тежина, ги отстранува токсините од организмот, го подобрува имунитетот, состојбата на кожата и дигестијата.

Причина за тоа е што лимонот влијае на хормонот на ситост – лептин. Доколку лептинот не е во рамнотежа, тогаш почнува да создава масни наслаги.

Лимонот помага да се избегне и дехидратацијата, а и го подобрува варењето.

Рецептот е многу едноставен: исцедете сок од половина лимон во чаша топла вода и испијте го веднаш.

Чај од листови од малина
Листовите од малина се користат за зајакнување на мускулите на матката.

Научните истражување потврдиле дека оваа билка позитивно влијае на работата на хормоните. Жените кои го пијат овој чај за време на бременоста, немаат тешкотии при породувањето.

Рецептот и за оваа напивка е, исто така, едноставен: прелијте една супена лажица листови од малина (може и сушени) со 200 мл зовриена вода и оставете да отстои 10 минути.

Чајот не го консумирајте пред спиење, туку преку ден.

Златно млеко
Златното млеко го подобрува имунитетот и го доведува во рамнотежа нивото на хормоните во организмот.

Оваа напивка загрева, освежува и смирува.

Се состои од куркума, кокосово масло и засладувач, кои прават корисна комбинација за регулирање на хормоните и дејствува позитивно на организмот.

Рецепт: Во 200 мл топло млеко додадете половина лажичка куркума и лажичка кокосово масло.

Може да засладите со мед.

Оваа напивка е најдобро да се пие навечер.

Се препорачува утрото да го започнете со топла вода и лимон, чајот од малини пијте го попладне, а златното млеко пред спиење.

Сакате едно поинакво кафе: Овој рецепт ги воодушеви многумина

Сакате едно поинакво кафе: Овој рецепт ги воодушеви многумина

Сите состојки Состојки: 1 замрзната банана (исечена на прстени) ½ шолја кафе ½ шолја бариста млеко од растително потекло (или млеко по ваш избор) 1 лажица какао во прав 1 лажица ленено семе ½ чаша ванила или чоколаден протеин во прав 1 лажица путер од јаткасти плодови...

Направете го сами омилениот летен коктел дома: Уживајте како да сте во бар на плажа

Направете го сами омилениот летен коктел дома: Уживајте како да сте во бар на плажа

Најубавиот летен коктел за пријатно попладне или почеток на вечерта Од скромните почетоци во малите барови низ северна Италија, ритуалот на пиење Аперол се рашири низ континентите, а луѓето ширум светот се поврзуваат преку љубовта да уживаат во овој коктел, кој...

Овој КОКТЕЛ со специфично име е еден од најдобрите за во лето

Овој КОКТЕЛ со специфично име е еден од најдобрите за во лето

„Палома“ е мексиканска класика и злобна конкуренција на најпознатиот пијалак базиран на текила – Маргарита, и ако имате шише текила, лесно можете да направите еден од овие два пијалаци. Палома е пијалак кој Мексиканците едноставно го обожаваат поради различните...

Ново истражување открило кога е најздраво да го испиеме утринското кафе: Пред или после појадок?

Ново истражување открило кога е најздраво да го испиеме утринското кафе: Пред или после појадок?

Лошо сте спиеле и сте се разбудиле уморни. Секако дека првото нешто што го правите е вашето утринско кафе. Но ново истражување открило дека можеби тоа и не е толку добра идеја Имено, заклучокот на истражувачите кои работеле на ова истражување е дека консумирањето кафе...