Топ 5 јаткасти плодови кои ги препорачуваат нутриционистите: Кои се добри за диета, а кои за имунитет?

Дек 11, 2017 | Диети, Здрава храна

Јаткастите плодови, поради високиот процент на здрави масти кои ги содржат, предизвикуваат подолго чувство на ситост и на тој начин можат да помогнат при губење на вишокот килограми.

Пожелно е да се консумираат помеѓу оброците во комбинација со овошје, со цел да се намали гладта помеѓу главните оброци во денот и да се спречи прејадувањето – препорачува нутриционистката Наташа Шоштариќ.

Макадамијата и пекан оревите содржат најмногу маснотии, па затоа и се најкалорични. При држење на диета, се препорачуваат помалку калорични плодови или умерена консумација на оние калоричните. Најдобрите јаткасти плодови за консумација при диетата се бадемите.

Јаткастите плодови го зајакнуваат имунитетот

Бадемите се богати со витаминот Е, антиоксиданс кој помага во борбата против разните воспаленија, карцином на бели дробови и опаѓање на когнитивните способности. Бразилските ореви се препорачуваат кај мажите, бидејќи содржат селен кој штити од рак на простата.

Топ 5 јаткасти плодови по препорака од нутриционистите

1. Бадемите содржат најмалку калории и тие се одличен извор на витамин Е, кој е еден од најмоќните антиоксиданси. Бадемите го чуваат здравјето на коските, ја подобруваат меморијата и го решаваат проблемот со констипацијата.

2. Бразилските ореви се одличен извор на селен, важен минерал кој делува антивоспалително и го штити срцето од оксидативните оштетувања. Тие исто така штитат од рак на простатата, но треба да се внимава на нивната количина.

3. Оревите содржат најмногу алфа-линоленска киселина, која е облик на омега-3 незаситена масна киселина, па затоа се одлични за чување на здравјето на срцето и правилната работа на мозокот.

4. Кикириките содржат витамини од групата Б, кои учествуваат во правилното распоредување на енергијата во метаболизмот, а се одлични и за трудници бидејќи го штитат плодот од разни оштетувања.

5. Лешниците се добар извор на минерали како магнезиум и фосфор, кои делуваат врз опуштање на мускулите и градбата на коските, како и бакар и манган, кои се одговорни за доброто здравје на коските.

Колку навистина шеќер има во една банана?!

Колку навистина шеќер има во една банана?!

Со порастот на диетите со малку јаглехидрати во последниве години, често се слуша препораката дека кога јадете овошје, треба да избегнувате банани бидејќи „имаат премногу шеќер“. Со порастот на диетите со малку јаглехидрати во последниве години, често се слуша...

Здрави енергетски бомбици без шеќер и брашно готови за пет минути

Здрави енергетски бомбици без шеќер и брашно готови за пет минути

Слатките не мора секогаш да бидат нездрави и полни со шеќер и брашно. Од неколку состојки можете да направите хранливи енергетски бомбици, а потребни се само пет минути. Една од главните состојки се урмите, кои се многу здрави и пожелни во исхраната. Состојки: 200...

Сите пијат вода со лимон, но ова овошје е едноставно „магично“ – еве како да си направите енергетски еликсир

Сите пијат вода со лимон, но ова овошје е едноставно „магично“ – еве како да си направите енергетски еликсир

Истражувањата покажуваат дека сувото грозје е корисно и за крвниот притисок и за кардиоваскуларното здравје. Во народната медицина постојат различни природни пијалоци кои благотворно делуваат на организмот. Често слушаме за тоа колку е добро водата да се пие со лимон,...

Рецепт за домашен и ПОСЕН мајонез

Рецепт за домашен и ПОСЕН мајонез

За сите љубители на мајонез, ви носиме поздрава верзија за да уживате во омилениот намаз без да биде толку мрсен и нездрав. За сите љубители на мајонез, ви носиме поздрава верзија за да уживате во омилениот намаз без да биде толку мрсен и нездрав. Потребно е: 50 ml...