ТОПЕН КОМПИР: ЕДНАШ ГО ПРАВИТЕ, НЕМА ДА ГО ЗАБОРАВИТЕ

Апр 10, 2018 | Предјадење

Ако мислевте дека постојат доволно начини на кои можете да подготвите компир, грешка сте.
Новиот начин кој во последно време го буди апетитот на интернет, морате да го пробате. Се работи за „ топен компир “. Заборавете на пире, пржени и печени компири, според многумина овој е совршениот.

На интернет ќе најдете неколку рецепти, но техниката на подготвување воглавно е иста:

Исечете го компирот на крупни резанки и ставете го во истопен путер. Ставете го сé тоа во жешка рерна и печете на 80 степени додека компирот не почне да добива златна боја. На самиот крај, сé тоа прелијте го со пилешка супа.

Еве ги деталните упатства:

• Загрејте ја рерната на 250-260 степени и ставете ја решетката на средна висина. Жешката рерна ќе му даде на компирот златна боја и крцкава надворешност.

• Компирот исечете го на кришки со дебелина од околу 2.5 сантиметри. Може ви звучи премногу дебело, но запомнете, рецептов не е за деликатен крцкав помфрит, туку за проклето добар компир.

• Како и да е, во компирот измешајте 4 големи лажици путер, па потоа посолете и забиберете по вкус

• Компирот се пече 15 минути, потоа го превртувате, па го печете уште 15 минути.

• Извадете го компирот од рерната и додајте му една шолја пилешка супа и 3 до 4 истолчени главици лук сосе лушпите.

• Вратете го тоа во рерната на уште 15 минути или додека компирот не ја впие целата супа. И тоа е тоа. Го добивте можеби најдобриот компир што ќе го пробате во животот.

Крцкаво, зачинето и повикува за пиво: Рецепт за совршени печени компири

Крцкаво, зачинето и повикува за пиво: Рецепт за совршени печени компири

Зачинетите парчиња компир се опасно добра закуска, без разлика дали се служат со некој сос или како додаток на месо, риба или зеленчук. Својата крцкавост ја должат на лебните трошки, а својата сладост на зачините, кои по желба можете да ги прилагодите по сопствен...

Одллични за мезе : поховани печурки во пиво

Одллични за мезе : поховани печурки во пиво

Состојки: Две чаши пиво Две чаши брашно Две лажички лук во прав Две лажички сол Лажичка бибер Лажичка сушен магдонос 3-6 чаши масло (во зависност од тоа колку е голема тавата) Околу половина килограми печурки Подготовка: Истурете го маслото во тава – треба да биде...

Рецепти за лазања на кои не можете да им одолеете

Рецепти за лазања на кои не можете да им одолеете

естенините се омилено јадење за многумина од нас, а комбинации има безброј. Лазањата е посебно уживање, а може да ја направите со многу видови сосови. Она што е најважно за добра лазања е начинот на кој ја редите, па инспирирајте се од овие рецепти на Tasty на кои...

Полнети шампињони

Полнети шампињони

Состојки: 500 г шампињони Сол, бибер 2 лажички сушен или свеж босилек 50 г шунка 1 кромид Масло 2 лажици павлака 30 г кашкавал Приготвување: Измијте ги шампињоните и исчистете ги така за да има доволно место да се наполнат со смесата што ќе ја приготвите Исечете ги...