Состојки:
- 200 гр моркови
- 200 гр спанаќ
- 1 кес. желатин
- 600гр крем сирење
- 200 гр – рендан кашкавал
- бибер и сол
- 12-палачинки
- 200 гр шунка
Подготовка:
Се вари морковот и се ренда на крупно ренде.
Спанаќот се вари кратко во солена вода, се цеди и се сецка.
Се подготвува желатинот ( по упатство од кесичката) и се замешува крем сирењето во него.
Се додава ренданиот кашкавал, а потоа спанаќот и морковот, сол и бибер.
Се става шунката на палачинката, потоа се става филот.
Се сечат палачинките накосо и се сервираат.
Добар апетит!