Скопско ќофте – рецепт за сите гурмани

Мај 8, 2019 | Македонска Кујна

Состојки:
за ќофтињата:

  • 1 кг мешано мелено месо (говетско и свинско)
  • 100 гр сварен ориз
  • 1 поголем кромид, ситно сецкан
  • 2 јајца
  • 7 лажици презла
  • 1 лажица мешан сув зачин
  • сол и бибер
  • малку мелена црвена пиперка
  • масло за пржење на ќофтињата

за прилог:

  • 200 гр сварен ориз

за сос:

  • 1 кромид, ситно сецкан
  • 700 гр сварен сос од домати
  • 2-3 чешниња лук, ситно сецкани
  • мешан сув зачин
  • сол и бибер
  • магдонос, ситно сецкан
  • 3 кругови кромид
  • 3-4 кругови свеж домат
  • 1 сува пиперка (по желба)

Подготовка:
Прво подгответе го оризот за прилог:

– На малку масло пропржете 200 гр измиен ориз додека зрнета не ја променат бојата.

Потоа сипете околу 1 л врела вода и на тивко сварете го оризот.

Кога ќе биде сварен ставете го во цедалка и поминете го под млаз студена вода за да се двојат зрната. Исцедениот ориз посолете го и ставете и малку бибер и мелен сув зачин.

– 1/3 од сварениот ориз ставете го во смесата за ќофтиња, а остатокот оставете го за прилог.

Сега подгответе ја смесата за ќофтиња:
– Во еден сад ставете го меленото месо, сецканиот кромид, јајцата, презлата, оризот, мешаниот сув зачин, биберот и солта и малку мелена црвена пиперка.

Сите состојки убаво измешајте ги со рака за да се соединат.

– Од подготвената смеса со намастени раце обликувајте ќофтенциња. Треба да добиете 15-20 мали ќофтиња. Испржете ги во тава на малку масло.

Подготовка на сосот:
– Во тава испржете го сецканиот кромид и додадете го сосот од домати, сецканиот лук, малку мелен сув зачин и ситно сецкан магдонос.

Варете го сосот 4-5 минути. На крај во сосот додадете сол и бибер по вкус (може и малку шеќер во зависност од киселоста на доматите).

– Земете земјана тава во која ќе го печете ова јадење во рерна и премачкајте ја со путер.

– На средина ставете го варениот ориз кој го оставивте за прилог, а одоколу наредете ги пржените ќофтиња.

– Врз оризот ставете 2-3 кругови (или полукругови) кромид, а најодозгора кругови свежи домати. Додадете сол и бибер и сецкан магдонос.

– Со сосот прелијте ги ќофтињата,а ставете и малку над оризот.

– Вака подготвената тава ставете ја да се пече во загреана рерна околу 40 минути на 180 целзиусови степени.

Рецепт за полнети печени патлиџани кои ќе ве одушеват со неверојатниот вкус

Рецепт за полнети печени патлиџани кои ќе ве одушеват со неверојатниот вкус

Вкусно и визуелно многу привлечно јадење – полнетите печени домати се вистинска рапсодија на вкус, боја и арома, а сите ќе уживаат во оваа комбинација. Кускусот е храна која се добива од здробена тврда пченица и е многу популарна храна во кујните на арапските земји....

Без кори, ги мешате сите состојки и ја ставате во плех: Едноставен рецепт за шпанска пита кој на сите им успева од прва

Без кори, ги мешате сите состојки и ја ставате во плех: Едноставен рецепт за шпанска пита кој на сите им успева од прва

Доколку сакате брзи, солени пикантерии тогаш овој рецепт ќе ве купи на прво залче. Кога станува збор за пикантериите во омилените се вбројуваат питата, мафините, кифличките, но и шпанската пита за која многумина велат дека е совршен спој на најубавите состојки....

Сите сакаме да го јадеме, а знаеме дека е калоричен: Има една тајна за да направите здрав и вкусен помфрит

Сите сакаме да го јадеме, а знаеме дека е калоричен: Има една тајна за да направите здрав и вкусен помфрит

Помфритот е идеален додаток за хамбургери или друго месо на скара. Сепак, многу луѓе го јадат и како главно јадење, со малку салата. Но, поради начинот на подготовка кој бара пржење во големи количини масло, помфритот е меѓу намирниците кои воопшто не се најздравиот...

Без квасец и јајца, готови за 15 минути: Рецепт за домашни КРОФНИ кои се топат во устата

Без квасец и јајца, готови за 15 минути: Рецепт за домашни КРОФНИ кои се топат во устата

Ако размислувате со што да се почестите по напорен ден на работа, имаме идеја. Овие домашни крофни имаат вкус исто како оние од пекарницата, а одличната работа е што можете да ги направите дома за само 15 минути. Една мерка ќе направи 35 крофни, па размислете веднаш...