Сезонска посластица – ајвар коцки

Мар 19, 2019 | Македонска Кујна

Состојки:

  • 4 Јајца
  • 4 лажици брашно
  • 300 грама спанаќ
  • 100 мл павлака
  • 1 прашок за пециво
  • сол
  • 500 грама кравјо сирење
  • 3 лажици ајвар
  • ½ лажичка сув лук
  • 4-5 палачинки
  • 150 грама шунка или сланина тенко сечена
  • 150 грама кашкавал рендан

Подготовка:

Белките одвојте ги од жолчките и изматете ги во цврст снег.Спанаќот обарете го, исцедете го и ситно исечкајте го.

Во друг сад, изматете ги жолчките, додајте брашно, павлака, прашок за пециво и малку сол.

Кога ќе добиете компактна маса, со лажица за мешање додајте ги изматените белки.Во помал плех кој е обложен со хартија за печење, истурете ја смесата.

Печете на 200 степени околу 20-тина минути.

Сирењето издробете го измешајте го со ајвар и лук.

На веќе приготвените палачинки ставете неколку парчиња шунка, рендан кашкавал и завиткајте ги во ролна.

Испечената кора пресечете ја на пола. Врз неа намачкајте дел од филот (помалку од половина),

во средина ставете ги ролуваните палачинки и додадете го останатиот фил за да ја пополните целата површина.

Врз измазнетата површина додајте ја и втората кора. Нешно притиснете и тортата ставете ја во фрижидер за да се стегне.

Се послужуваат ладни, украсени со мајонез, рендан кашкавал или пак со филот од сирење.

Објавена листата, ова се најлошо оценетите македонски јадења

Објавена листата, ова се најлошо оценетите македонски јадења

Популарниот портал за гастрономија, Taste Atlas, објави листа на најлошо рангирани македонски јадења, врз основа на оценките на корисниците на оваа страница. Најлоша оценка има кукурек, односно оценето е како најлошо јадење. Најдобра оценка од 10-те најлоши јадења...

Направете неодоливи КРОКЕТИ ОД КОМПИР: Крцкави однадвор, меки одвнатре – повкусни од купечките

Направете неодоливи КРОКЕТИ ОД КОМПИР: Крцкави однадвор, меки одвнатре – повкусни од купечките

Крокетите од компир најчесто се служат како додаток на главните јадења, а неодоливата комбинација на меко и крцкаво ги направи толку популарни. Се верува дека настанале во Франција кон крајот на 19 век. Можете да ги купите во продавница, но најдобро е сами да ги...

Заборавете на сите други рецепти: Ова е најдобрата смеса за палачинки!

Заборавете на сите други рецепти: Ова е најдобрата смеса за палачинки!

Подготовката на смесата за палачинки треба да биде една од наједноставните потфати во кујната, но колку и да изгледа едноставна подготовката на смесата, има чести дискусии за мали трикови што ќе обезбедат меки и вкусни палачинки. Овие трикови обично се поврзани со...

Рецепт за полнети печени патлиџани кои ќе ве одушеват со неверојатниот вкус

Рецепт за полнети печени патлиџани кои ќе ве одушеват со неверојатниот вкус

Вкусно и визуелно многу привлечно јадење – полнетите печени домати се вистинска рапсодија на вкус, боја и арома, а сите ќе уживаат во оваа комбинација. Кускусот е храна која се добива од здробена тврда пченица и е многу популарна храна во кујните на арапските земји....