Рижото со морски плодови

Јан 14, 2019 | Здрава храна

За љубителите на морската храна ова е одличен рецепт за подготовка на ориз со школки …

Потребно е:

  • 400 г ориз
  • 1 кг црни неотворени морски школки
  • 1 главица кромид, ситно сецкан
  • 1 лажица доматно пире
  • 200 мл бело вино
  • 60 г путер
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажица сецкан магдонос
  • сол, бибер

Подготовка:
Ставете го виното да се вари. Кога ќе проврие, смалете ја температурата и оставете да врие 5 минути да му се намали количината на половина.

Школките измијте ги убаво и додадете ги во виното што се вари. Варете ги 4-5 минути за да се отворат. Мешајте ги од време на време.

Со лажица решетка извадете ги школките од виното, а виното прецедете го. Потоа во виното додадете вода за да добиете 1 литар течност.

Неотворените школки фрлете ги.

Загрејте во тава на рингла 30 гр путер со масло. Додадете го кромидот и пропржете го малку. Потоа додадете го оризот и малку зголемете ја температурата. Пржете го оризот со постојано мешање да стане стаклест – околу 2 минути.

Ставете сол, бибер и доматно пире. Убаво измешајте.

Во оризот додадете ја течноста со виното во која ги варевте школките. Но немојте да ја ставите одеднаш целата течност, туку прво сипете половина, па откако оризот ќе ја впие течноста досипете го остатокот. Целото варење на оризот треба да трае околу 35 минути.

Додека се подготвува оризот, извадете поголем дел од школките од обвивката и ставете ги во оризот. Измешајте убаво.

На крај додадете го преостанатиот путер, исецкан на листови и исецканиот власец.

На крај јадењето украсете го со преостанатите школки во обвивка.

Колку навистина шеќер има во една банана?!

Колку навистина шеќер има во една банана?!

Со порастот на диетите со малку јаглехидрати во последниве години, често се слуша препораката дека кога јадете овошје, треба да избегнувате банани бидејќи „имаат премногу шеќер“. Со порастот на диетите со малку јаглехидрати во последниве години, често се слуша...

Здрави енергетски бомбици без шеќер и брашно готови за пет минути

Здрави енергетски бомбици без шеќер и брашно готови за пет минути

Слатките не мора секогаш да бидат нездрави и полни со шеќер и брашно. Од неколку состојки можете да направите хранливи енергетски бомбици, а потребни се само пет минути. Една од главните состојки се урмите, кои се многу здрави и пожелни во исхраната. Состојки: 200...

Сите пијат вода со лимон, но ова овошје е едноставно „магично“ – еве како да си направите енергетски еликсир

Сите пијат вода со лимон, но ова овошје е едноставно „магично“ – еве како да си направите енергетски еликсир

Истражувањата покажуваат дека сувото грозје е корисно и за крвниот притисок и за кардиоваскуларното здравје. Во народната медицина постојат различни природни пијалоци кои благотворно делуваат на организмот. Често слушаме за тоа колку е добро водата да се пие со лимон,...

Рецепт за домашен и ПОСЕН мајонез

Рецепт за домашен и ПОСЕН мајонез

За сите љубители на мајонез, ви носиме поздрава верзија за да уживате во омилениот намаз без да биде толку мрсен и нездрав. За сите љубители на мајонез, ви носиме поздрава верзија за да уживате во омилениот намаз без да биде толку мрсен и нездрав. Потребно е: 50 ml...