За подготовка на ракчиња потребни ви се следните состојки:
- 1,5 кг свежи ракчиња
- 100 мл маслиново масло
- 150 г домати
- 2 чешниња лук
- Магдонос
- 20 г лебни трошки
- 1 лажица вегета
- 400 мл бело вино
- Сол
- Бибер
Подготовка:
Измијте ги ракчињата, а доматите ставете ги во жешка вода, потоа излупете ја кората, а доматот исечкајте го на коцки.
На загреано масло пржете ги лебните трошки кратко време, додадете исечкан лук, магдонос, исечкани домати и вегета.
Мешајте неколку минути. Додадете сол и бибер, потоа бело вино. Мешајте и на крај додадете ги ракчињата.
Гответе заедно во затворен сад околу 15 минути, на тивок оган. Служете ги топли со палента или пченкарен леб.
Добар апетит!