Протеините се важни за мускулите додека старееме: Најмногу ги има во овие намирници

Јул 15, 2022 | Здрава храна

Протеинот е макронутриент одговорен за градење мускули и обезбедување енергија. Количината на протеини што треба да се консумира на дневна основа зависи од полот, возраста и начинот на живот.

Според веб-страницата „Health Harvard“, премногу протеини може да бидат штетни. Познато е, имено, дека прекумерното внесување на протеини од животинско потекло може негативно да влијае на работата на бубрезите, а кај некои луѓе може да предизвика таканаречена кралска болест, односно гихт.

Насоките за исхрана на Соединетите држави ги препорачуваат дневните количини на протеини за различни возрасни групи. Децата на возраст под четири години треба да консумираат 13 грама, децата од четири до осум години 19 грама, а децата од девет до 13 години 34 грама протеини дневно.

Како што стареат луѓето, се зголемува препорачаниот дневен внес на протеини, но треба да се земат предвид и други фактори, како што е полот. Насоките за исхрана за Американците препорачуваат дека жените на возраст над 14 години треба да добиваат во просек 52 грама протеини дневно. Сепак, точната препорака зависи од телесната тежина, наведува „Verywell fit“.

Д-р Керол Гринвуд, професорка на Катедрата за нутриционистички науки на Универзитетот во Торонто, сугерира дека повеќето луѓе на возраст над 20 години треба да консумираат помеѓу 60 и 70 грама протеини дневно.

Од друга страна, многу фитнес тренери препорачуваат два грама протеини на килограм телесна тежина, особено за луѓето кои се на специјална диета за слабеење и сакаат брзо да ги видат резултатите. Овие препораки се во спротивност со препораките на лекарската фела, па кога се одлучувате за внесување на поголеми количества протеини за сметка на други групи на хранливи материи, дефинитивно треба да се консултирате со вашиот лекар.

Протеинот игра клучна улога како што старееме. Имено, како што старееме, храната богата со протеини станува се поважна за одржување на здравјето, пишува „Kaiser health news“.

– Иако конзумирањето адекватна количина на протеини нема целосно да го спречи губењето на мускулите поврзано со возраста, избегнувањето на внесување доволно протеини може да биде отежнувачки фактор што предизвикува постарите луѓе побрзо да губат мускули – вели Вејн Кембел, професор по нутриционистичка наука на Универзитетот Пердју во Индија.

Лекарите препорачуваат висококвалитетни извори на протеини. На тој список се пилешко, риба, јајца и млечни производи, пишува веб-страницата „WebMd“.

Ако сте веган или вегетаријанец и барате опции за протеини кои не доаѓаат од животински извори, размислете за мешунките, јаткастите плодови, семките и интегралните житарки.

Колку навистина шеќер има во една банана?!

Колку навистина шеќер има во една банана?!

Со порастот на диетите со малку јаглехидрати во последниве години, често се слуша препораката дека кога јадете овошје, треба да избегнувате банани бидејќи „имаат премногу шеќер“. Со порастот на диетите со малку јаглехидрати во последниве години, често се слуша...

Здрави енергетски бомбици без шеќер и брашно готови за пет минути

Здрави енергетски бомбици без шеќер и брашно готови за пет минути

Слатките не мора секогаш да бидат нездрави и полни со шеќер и брашно. Од неколку состојки можете да направите хранливи енергетски бомбици, а потребни се само пет минути. Една од главните состојки се урмите, кои се многу здрави и пожелни во исхраната. Состојки: 200...

Сите пијат вода со лимон, но ова овошје е едноставно „магично“ – еве како да си направите енергетски еликсир

Сите пијат вода со лимон, но ова овошје е едноставно „магично“ – еве како да си направите енергетски еликсир

Истражувањата покажуваат дека сувото грозје е корисно и за крвниот притисок и за кардиоваскуларното здравје. Во народната медицина постојат различни природни пијалоци кои благотворно делуваат на организмот. Често слушаме за тоа колку е добро водата да се пие со лимон,...

Рецепт за домашен и ПОСЕН мајонез

Рецепт за домашен и ПОСЕН мајонез

За сите љубители на мајонез, ви носиме поздрава верзија за да уживате во омилениот намаз без да биде толку мрсен и нездрав. За сите љубители на мајонез, ви носиме поздрава верзија за да уживате во омилениот намаз без да биде толку мрсен и нездрав. Потребно е: 50 ml...