Веројатно сте слушнале за куркумата – зачин кој е дел од многу индиски јадења.
Сепак, можеби не знаете дека куркумата е еден од најздравите и најквалитетните зачини.
Таа помага за намалување на воспаленијата, одличен антиоксидант е и помага во елиминација на слободните радикали кои прават огромна штета во нашето тело.
Освен тоа, куркумата е и зачин кој помага против стареењето, делува како неурозаштитен агент, природен третман за артритис и е одлична во терапијата против рак.
Но, еден од најмоќните ефекти кои ги има таа е намалување на сиптомите на стрес, анксиозност и депресија.
Како да подготвите лимонада од куркума?
Потребни состојки:
- 5 чаши вода
- 4 лажици куркума
- 3 лажици мед
- 2 лажици ѓумбир
- ½ чаша лимонов сок
Можете да додадете и ½ чаша сок од портокал, за подобар вкус.
Начин на подготовка:
- Ставете ја водата на оган за да зоврие.
- Во тегла ставете ги куркумата и ѓумбирот.
- Додадете ја провриената вода во теглата. Дозволете да отстои околу 10 минути.
- Додадете го медот и убаво промешајте.
- На крајот ставете го и лимоновиот сок и конзумирајте.