Поптечени компири во рерна

Ное 4, 2017 | Предјадење

Состојки: 3 големи компири, 200 гр скараџиски колбасици, 100 гр сланина, 200 гр мелено месо, еден праз, една црвена пиперка, сол, бибер, зачини, и лажица павлака, една лажица мајонез, малку сенф, две чешниња лук, рендан кашкавал, масло.

Подготовка: Загрејте го маслото и пропржете ја исецканата сланина, колбасиците исечени на кругови, додадете го меленото месо, а потоа и празот и пиперката. Динстајте го додека течноста не испари. Потоа додадете сол, бибер, зачин и чешне лук.

Павлаката, кашкавалот, мајонезот и сенфот и остатокот од лукот измешајте ги. Компирот можете малку да го сварите, десетина минути, за полесно да можете да го издлабите, но и за пократко време да треба да се пече. Компирите наполнете ги со смесата која претходно ја издинставте.

Ставете ги компирите на 200 степени околу 40 минути, а потоа извадете ги и премачкајте ги со мешавината од павлака, мајонез и кашкавал и вратете ги во рерна додека да не поруменат. Компирот испечен на овој начин е фантастичен. Згответе го!

 

Крцкаво, зачинето и повикува за пиво: Рецепт за совршени печени компири

Крцкаво, зачинето и повикува за пиво: Рецепт за совршени печени компири

Зачинетите парчиња компир се опасно добра закуска, без разлика дали се служат со некој сос или како додаток на месо, риба или зеленчук. Својата крцкавост ја должат на лебните трошки, а својата сладост на зачините, кои по желба можете да ги прилагодите по сопствен...

Одллични за мезе : поховани печурки во пиво

Одллични за мезе : поховани печурки во пиво

Состојки: Две чаши пиво Две чаши брашно Две лажички лук во прав Две лажички сол Лажичка бибер Лажичка сушен магдонос 3-6 чаши масло (во зависност од тоа колку е голема тавата) Околу половина килограми печурки Подготовка: Истурете го маслото во тава – треба да биде...

Рецепти за лазања на кои не можете да им одолеете

Рецепти за лазања на кои не можете да им одолеете

естенините се омилено јадење за многумина од нас, а комбинации има безброј. Лазањата е посебно уживање, а може да ја направите со многу видови сосови. Она што е најважно за добра лазања е начинот на кој ја редите, па инспирирајте се од овие рецепти на Tasty на кои...

Полнети шампињони

Полнети шампињони

Состојки: 500 г шампињони Сол, бибер 2 лажички сушен или свеж босилек 50 г шунка 1 кромид Масло 2 лажици павлака 30 г кашкавал Приготвување: Измијте ги шампињоните и исчистете ги така за да има доволно место да се наполнат со смесата што ќе ја приготвите Исечете ги...