Оригинален рецепт за бурек

Апр 11, 2019 | Македонска Кујна

За вкусови не се дискутира, но овој рецепт за бурек е многу подобар од било која позната пекара.
Состојки:

  • 1/2 кг тенки кори, за баклава
  • 300 гр сирење
  • 250 мл вода
  • 125 мл масло
  • сол, по потреба

Подготовка:
Во длабок сад помешајте ги водата и маслото. Посолете. Ако сирењето е многу солено, внимавајте да не претерате со солта.

Со оваа течност ќе ја премачкувате секоја кора, па затоа почесто размешувајте ја течноста со вилушка.
Сирењето со вилушка згмечете го.
Земете тркалезно тавче за печење (26см).

Намачкајте го малку со масло и ставете две кори, така што краевите треба да излегуваат од страните на тавчето.
Со лажиче попрскајте врз корите од течноста со вода и масло.

Не претерувајте, освен ако не сакате бурекот да ви биде многу, многу мрсен.
Остатокот од корите поделете го на групи од по 3 кори.

Секоја група од по 3 кори редете ја во тавата, гужвајќи ја првата кора,

попрскајте од течноста со вода и масло, ставете ја втората кора нормално и на третата кора ставете од филот.

Ова повторувајте го додека да ги потрошите сите групи од по 3 кори и целата смеса.

Значи, првата кора е згужвана, попрскана со масло и вода, втората е нормално ставена и третата е исто така нормално ставена заедно со дел од филот.

На крај, треба да завршите со кора под која има фил од сирење.

Последната кора попрскајте ја со течноста од масло и вода.

Краевите кои се надвор од тавата преклопете ги врз бурекот и целиот бурек прелијте го со остатокот од течноста.

Печете го загреана рерна на 180 целзиусови степени додека да поруменат корите.

Идеја: Во филот од сирење, може да ставите луто пиперче, црвен пипер, бибер.

Бурекот може да го филувате со смеса од шунка, кашкавал и кечап (пица бурек), шунка, павлака и кашкавал, фил од мелено месо со бибер и кромид…

Објавена листата, ова се најлошо оценетите македонски јадења

Објавена листата, ова се најлошо оценетите македонски јадења

Популарниот портал за гастрономија, Taste Atlas, објави листа на најлошо рангирани македонски јадења, врз основа на оценките на корисниците на оваа страница. Најлоша оценка има кукурек, односно оценето е како најлошо јадење. Најдобра оценка од 10-те најлоши јадења...

Направете неодоливи КРОКЕТИ ОД КОМПИР: Крцкави однадвор, меки одвнатре – повкусни од купечките

Направете неодоливи КРОКЕТИ ОД КОМПИР: Крцкави однадвор, меки одвнатре – повкусни од купечките

Крокетите од компир најчесто се служат како додаток на главните јадења, а неодоливата комбинација на меко и крцкаво ги направи толку популарни. Се верува дека настанале во Франција кон крајот на 19 век. Можете да ги купите во продавница, но најдобро е сами да ги...

Заборавете на сите други рецепти: Ова е најдобрата смеса за палачинки!

Заборавете на сите други рецепти: Ова е најдобрата смеса за палачинки!

Подготовката на смесата за палачинки треба да биде една од наједноставните потфати во кујната, но колку и да изгледа едноставна подготовката на смесата, има чести дискусии за мали трикови што ќе обезбедат меки и вкусни палачинки. Овие трикови обично се поврзани со...

Рецепт за полнети печени патлиџани кои ќе ве одушеват со неверојатниот вкус

Рецепт за полнети печени патлиџани кои ќе ве одушеват со неверојатниот вкус

Вкусно и визуелно многу привлечно јадење – полнетите печени домати се вистинска рапсодија на вкус, боја и арома, а сите ќе уживаат во оваа комбинација. Кускусот е храна која се добива од здробена тврда пченица и е многу популарна храна во кујните на арапските земји....