Овие три намирници се најдобро “оружје“ во борбата против ракот

Јул 22, 2019 | Здрава храна

Идеалната здрава трпеза се состои од 50 проценти зеленчук – останатите се протеини од животинско потекло, житарици и масти.

Следуваат трите најдобри „борци“ против рак.

Брокули

Глукозинолати кои се наоѓаат во брокулата на овој зеленчук му даваат лут вкус, но и ја намалуваат веројатноста за појава на малигни клетки.

Оваа состојка е многу активна при жвакањето и во текот на варењето и исклучително е ефикасна во борбата против рак на дојка и рак на мочниот меур.

Риба

Кај жените кои конзумираат премногу мрсна храна, ризикот од заболување на рак на дојка е и до 55 проценти.

Нутриционистите јасно дефинираа што е „премногу“: јадење мрсна храна повеќе од три пати неделно.

Оние кои се преориентирани на риба (три пати неделно е сосема доволно), го намалуваат ризикот од малигно заболување и до 65 проценти.

Омега 3-масните киселини во рибата не само што се обидуваат да го спречат настанувањето на малигните ќелии, туку го спречуваат и понатамошниот развој на веќе формираните.

Кај лицата заболени од рак, кај кои рибата е често на трпезата, постои голема шанса канцерогените ќелии во нивниот организам понатаму да не се развиваат.

 

Домати

Црвените плодови не само што се нискокалорични (100 грама содржи од 17 до 20 калории) туку се и многу вкусни.

Доматот е зеленчук кој има најмногу ликопен, супстанца поради која оваа билка е со црвена боја и служи како многу значаен заштитник на срцето и крвните садови.

Ликопенот, меѓутоа, може и повеќе – да го забави растот на малигните ќелии и до 50 проценти – а во комбинација со витамин Е кој се наоѓа во масла и масти од растително потекло, нивниот раст се намалува дури и до 70 проценти.

Неговата концентрација се зголемува со загревање – зготвен или термички обработен (на пример во вид на ќечап или сос) доматот е многу ефикасен во борба против рак отколку кога се конзумира сиров.

Колку навистина шеќер има во една банана?!

Колку навистина шеќер има во една банана?!

Со порастот на диетите со малку јаглехидрати во последниве години, често се слуша препораката дека кога јадете овошје, треба да избегнувате банани бидејќи „имаат премногу шеќер“. Со порастот на диетите со малку јаглехидрати во последниве години, често се слуша...

Здрави енергетски бомбици без шеќер и брашно готови за пет минути

Здрави енергетски бомбици без шеќер и брашно готови за пет минути

Слатките не мора секогаш да бидат нездрави и полни со шеќер и брашно. Од неколку состојки можете да направите хранливи енергетски бомбици, а потребни се само пет минути. Една од главните состојки се урмите, кои се многу здрави и пожелни во исхраната. Состојки: 200...

Сите пијат вода со лимон, но ова овошје е едноставно „магично“ – еве како да си направите енергетски еликсир

Сите пијат вода со лимон, но ова овошје е едноставно „магично“ – еве како да си направите енергетски еликсир

Истражувањата покажуваат дека сувото грозје е корисно и за крвниот притисок и за кардиоваскуларното здравје. Во народната медицина постојат различни природни пијалоци кои благотворно делуваат на организмот. Често слушаме за тоа колку е добро водата да се пие со лимон,...

Рецепт за домашен и ПОСЕН мајонез

Рецепт за домашен и ПОСЕН мајонез

За сите љубители на мајонез, ви носиме поздрава верзија за да уживате во омилениот намаз без да биде толку мрсен и нездрав. За сите љубители на мајонез, ви носиме поздрава верзија за да уживате во омилениот намаз без да биде толку мрсен и нездрав. Потребно е: 50 ml...