Ова е најпопуларниот празничен пијалок во САД и Канада

Јун 30, 2020 | Пијалоци (Шејкови)

Егног (Eggnog) е традиционален популарен пијалок во САД и Канада и многу често се поврзува со зимските празници Божиќ, Нова година и Денот на благодарноста. Во преубавите зимски празници поголем дел од времето го поминуваме дома покрај огин, со нашите најблиски, па затоа чаша убав пијалок секогаш е добредојдена. Вкусете го овој традиционален пијалок и вие.
Потребни состојки за 8 чаши:

  • 12 јајца
  • 1,5 л млеко
  • 500 мл слатка павлака
  • 500 мл бурбон
  • 300 г шеќер
  • 170 мл коњак
  • 2 лажички мелено морско оревче

Во голем сад со помош на миксер, изматете ги жолчките од јајцата заедно со шеќерот. Матете приближно 10 минути додека смесата не добие боја на путер и убаво не се зацврсти. Малку по малку, пополека во садот додавајте ги бурбонот и коњакот. Откако ќе ги додадете овие две состојки, убаво промешајте, а потоа ставете го садот во фрижидер за смесата убаво да се излади. Не оставајте го садот да стои на ладно повеќе од 6 часа.
Штом ќе ја извадите смесата од фрижидер, во неа додадете ги млекото и една лажичка мелено морско оревче и убаво промешајте. Во посебен сад ставете ја слатката павлака и со миксер на најсилна брзина измешајте ја за да добиете цврст крем.
Белките исто така измешајте ги со силна брзина додека не добиете креместа смеса. Откако ќе го сторите ова, измешајте ги заедно со смесата направена од жолчките, а на крајот пополека додадете ја и слатката павлака. Убаво измешајте ги сите состојки заедно и послужете во 8 стаклени чаши. Декорирајте со мелено морско оревче.

Ќе ви ја згрее душата и ќе ве воодушеви од првата голтка: Кафе ЛАТЕ со тиква

Ќе ви ја згрее душата и ќе ве воодушеви од првата голтка: Кафе ЛАТЕ со тиква

Во мало тенџере на средна топлина загрејте го млекото додека не се загрее, но не и врие. Сварете го кафето и истурете го во шолја, а потоа додадете го пирето од тиква, засладувачот, зачинот и екстрактот од ванила и убаво измешајте. Направете пена со жица за млеко, па...

Безброј придобивки од ѓумбирот, подгответе си здравје во чинија и чаша

Безброј придобивки од ѓумбирот, подгответе си здравје во чинија и чаша

Оваа разноврсна суперхрана има безброј здравствени придобивки, од лекување на болести до намалување на болката во мускулите. Но, поради што ѓумбирот е навистина толку супер? Без разлика дали сакате да додадете зачин во вашата храна или да го зачините кафето за огнен...

Сакате едно поинакво кафе: Овој рецепт ги воодушеви многумина

Сакате едно поинакво кафе: Овој рецепт ги воодушеви многумина

Сите состојки Состојки: 1 замрзната банана (исечена на прстени) ½ шолја кафе ½ шолја бариста млеко од растително потекло (или млеко по ваш избор) 1 лажица какао во прав 1 лажица ленено семе ½ чаша ванила или чоколаден протеин во прав 1 лажица путер од јаткасти плодови...

Направете го сами омилениот летен коктел дома: Уживајте како да сте во бар на плажа

Направете го сами омилениот летен коктел дома: Уживајте како да сте во бар на плажа

Најубавиот летен коктел за пријатно попладне или почеток на вечерта Од скромните почетоци во малите барови низ северна Италија, ритуалот на пиење Аперол се рашири низ континентите, а луѓето ширум светот се поврзуваат преку љубовта да уживаат во овој коктел, кој...