Неодолив вкус – Италијански сендвич со сирење

Апр 4, 2019 | Брза храна

Состојки:

  • 4 мали домати
  • 8 парчиња леб
  • маслиново масло
  • сол, бибер
  • оригано
  • 200 г кашкавал
  • 200 г фета сирење
  • 1/4 шолја пармезан
  • 8 парчиња мек кашкавал

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Доматите исечете ги на половина и наредете ги во тавче за печење.

Посипете ги со маслиново масло и зачинете ги со оригано, сол и бибер.

Печете ги додека да омекнат и станат малку набрани.

Потоа, загрејте ја рерната на 250 Целизусови степени.

Лепчињата намачкајте ги со маслиново масло и поделете ги во парови.

Ставете по две парчиња домати на едната страна на лебот.

Врз доматите, ставете малку фета сирење, а врз него две парчиња од мекиот кашкавал.

Пред да го затворите сендвичот со второто парче леб, ставете малку рендан кашкавал.

Преклопете го сендвичот. Истото направете го со сите парчиња леб.

Сендвичите наредете ги во тавче за печење кое е претходно намачкано со масло.

Печете ги сендвичите 15 минути или додека не се растопи кашкавалот.

Потоа извадете ги, посипете ги со рендан пармезан и печете уште малку, додека тој не се растопи.

Овој сендвич може да го направите и во три дела, така што ќе ставите уште едно парче леб во средината на сендвичот

Добар апетит!

БРЗА ВЕЧЕРА КОЈА ЈА САКААТ СИТЕ: Подгответе шпагети со лук

БРЗА ВЕЧЕРА КОЈА ЈА САКААТ СИТЕ: Подгответе шпагети со лук

Лукот му дава на јадењето феноменален вкус, затоа направете незаборавни шпагети за кратко време. Состојки: * 250 гр шпагети * 100 мл крем за готвење * 1 литар вода * 8 чешниња лук * 3 лажици маслиново масло * сол, бибер * 100 гр рендан пармезан * малку свеж магдонос...

Готови за час, а одлична и вкусна закуска за пред тренинг!

Готови за час, а одлична и вкусна закуска за пред тренинг!

Во сад ставете протеин по вкус, овесна каша, путер од кикирики и ситно сечкани чоколадни парченца. Мешајте ја смесата додека не стане хомогена, а по потреба додадете една лажица вода или млеко. Можете да декорирате со кокосови трошки или со нешто друго по желба....

Совршен бешамел сос: Одлично оди со разни јадења, ваков не сте пробале досега

Совршен бешамел сос: Одлично оди со разни јадења, ваков не сте пробале досега

Ви треба: 700 мл млеко 50 до 70 гр путер 50 гр брашно сол и бибер по вкус морско оревче Подготовка: Растопете го путерот на тивок оган, па кога ќе почне да крчка, додадете го брашното и почнете да мешате со жица за да не се формираат грутчиња. Пропржете го брашното...

Домашен сладолед готов за миг: Рецепт без млеко и шеќер од само 2 состојки

Домашен сладолед готов за миг: Рецепт без млеко и шеќер од само 2 состојки

Како се прави најздравиот и највкусниот домашен сладолед? Веганската кујна ни дарувала многу драгоцени рецепти, благодарение на кои вообичаените слатки може да ги замениме со здрави и еднакви вкусни алтернативи. Еден од таквите рецепти за домашен, чоколаден сладолед...