Состојки:
- 3 пекарски кифли исечкани на половина
- 3 варени јајца
- Павлака
- Сол
- Перја од млад лук
Подготовка:
Загрејте ги кифличките во рерна. Додека се топли премачкајте ги со павлака.
Преку нив распоредете ги изренданите варени јајца. Посолете и посипете со сечкани перја од млад лук.
Сервирајте со јогурт!
Добар апетит!