Мусака од шампињони

Јан 30, 2019 | Македонска Кујна

За љубителите на печурки, ова јадење ќе биде вистинско уживање.

Потребно е:

  • 500 г шампињони
  • 2 главици кромид
  • 100 г сланина
  • 2 лажици масло
  • 2 чешниња лук
  • 10 кришки леб
  • 250 мл млеко
  • 200 мл кисело млеко
  • 3 јајца
  • мелен сув зачин
  • магдонос
  • оригано
  • сол, бибер

Подготовка:

Шампињоните измијте ги убаво и исецкајте го на листови.

Лукот и кромидот исецкајте ги ситно. Сланината исецкајте ја на тенки ленти.

На загреано масло пропржете го кромидот и сланината и потоа додадете ги сецканите шампињони. Оставете да се динста. По некое време додадете сол, бибер, сецканото лукче, малку оригано, магдонос и мелен сув зачин.

Во намастена огноотпорна тава наредете 5 кришки леб претходно потопени во млеко.

Врз нив распоредете рамномерно половина од филот со печурки. Сега повторно наредете еден ред леб натопен во млеко. Врз него остатокот од филот.

Изматете ги јајцата и во нив додадете го киселото млеко. Измешајте за да добиете хомогена смеса. Оваа течност прелијте ја врз мусаката во тавата и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 160 целзиусови степени околу 20 минути.

Мусаката од шампињони оставете малку да се излади, пресечете ја на коцки и послужете ја.

Објавена листата, ова се најлошо оценетите македонски јадења

Објавена листата, ова се најлошо оценетите македонски јадења

Популарниот портал за гастрономија, Taste Atlas, објави листа на најлошо рангирани македонски јадења, врз основа на оценките на корисниците на оваа страница. Најлоша оценка има кукурек, односно оценето е како најлошо јадење. Најдобра оценка од 10-те најлоши јадења...

Направете неодоливи КРОКЕТИ ОД КОМПИР: Крцкави однадвор, меки одвнатре – повкусни од купечките

Направете неодоливи КРОКЕТИ ОД КОМПИР: Крцкави однадвор, меки одвнатре – повкусни од купечките

Крокетите од компир најчесто се служат како додаток на главните јадења, а неодоливата комбинација на меко и крцкаво ги направи толку популарни. Се верува дека настанале во Франција кон крајот на 19 век. Можете да ги купите во продавница, но најдобро е сами да ги...

Заборавете на сите други рецепти: Ова е најдобрата смеса за палачинки!

Заборавете на сите други рецепти: Ова е најдобрата смеса за палачинки!

Подготовката на смесата за палачинки треба да биде една од наједноставните потфати во кујната, но колку и да изгледа едноставна подготовката на смесата, има чести дискусии за мали трикови што ќе обезбедат меки и вкусни палачинки. Овие трикови обично се поврзани со...

Рецепт за полнети печени патлиџани кои ќе ве одушеват со неверојатниот вкус

Рецепт за полнети печени патлиџани кои ќе ве одушеват со неверојатниот вкус

Вкусно и визуелно многу привлечно јадење – полнетите печени домати се вистинска рапсодија на вкус, боја и арома, а сите ќе уживаат во оваа комбинација. Кускусот е храна која се добива од здробена тврда пченица и е многу популарна храна во кујните на арапските земји....