Македонски мафини: Направете брза, едноставна и вкусна вечера

Мар 25, 2019 | Македонска Кујна

Направете брза, едноставна и вкусна вечера.

Потребно е:
  • 4 јајца
  • 1 чаша (од 2 мл) масло
  • 1 чаша кисело млеко
  • 3 чаши брашно
  • 200 г кашкавал, исечкан на мали коцкички
  • 200 г шунка, исечкана на мали коцкички
  • 5-6 кисели краставички, ситно исечкани
  • 2 лажици ајвар
  • 2 лажици кечап
  • 1/2 лажиче оригано
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • сол
  • сусам

Подготовка:


Во еден сад искршете ги јајцата и додадете ги маслото, киселото млеко, брашното, прашокот за печиво, оригано, ајвар, кечап и сол.

Матете убаво со миксер да добиете хомогена смеса.

Сега додадете ги сечканата шунка, кашкавал и кисели краставички. Полека измешајте со лажица.

Со горната содржина наполнете ги калапите за мафини, кои претходно малку сте ги намастиле со масло.

Одозгора посипете ги со сусам.

Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 Целзиусови степени додека не добијат убава румена боја.

Објавена листата, ова се најлошо оценетите македонски јадења

Објавена листата, ова се најлошо оценетите македонски јадења

Популарниот портал за гастрономија, Taste Atlas, објави листа на најлошо рангирани македонски јадења, врз основа на оценките на корисниците на оваа страница. Најлоша оценка има кукурек, односно оценето е како најлошо јадење. Најдобра оценка од 10-те најлоши јадења...

Направете неодоливи КРОКЕТИ ОД КОМПИР: Крцкави однадвор, меки одвнатре – повкусни од купечките

Направете неодоливи КРОКЕТИ ОД КОМПИР: Крцкави однадвор, меки одвнатре – повкусни од купечките

Крокетите од компир најчесто се служат како додаток на главните јадења, а неодоливата комбинација на меко и крцкаво ги направи толку популарни. Се верува дека настанале во Франција кон крајот на 19 век. Можете да ги купите во продавница, но најдобро е сами да ги...

Заборавете на сите други рецепти: Ова е најдобрата смеса за палачинки!

Заборавете на сите други рецепти: Ова е најдобрата смеса за палачинки!

Подготовката на смесата за палачинки треба да биде една од наједноставните потфати во кујната, но колку и да изгледа едноставна подготовката на смесата, има чести дискусии за мали трикови што ќе обезбедат меки и вкусни палачинки. Овие трикови обично се поврзани со...

Рецепт за полнети печени патлиџани кои ќе ве одушеват со неверојатниот вкус

Рецепт за полнети печени патлиџани кои ќе ве одушеват со неверојатниот вкус

Вкусно и визуелно многу привлечно јадење – полнетите печени домати се вистинска рапсодија на вкус, боја и арома, а сите ќе уживаат во оваа комбинација. Кускусот е храна која се добива од здробена тврда пченица и е многу популарна храна во кујните на арапските земји....