Лек во чаша: Зошто треба секој ден да пиете свеж сок од моркови?

Мар 2, 2020 | Пијалоци (Шејкови)

Свежо цедениот сок од моркови е корисен за целокупното човеково здравје. Секојдневното пиење на сок од моркови го подобрува имуниот систем и го олеснува варењето на храната. Истовремено, го подобрува видот и го штити здравјето на очите. Но, тоа не е сè.
Одвоивме неколку причини поради кои треба секојдневно да пиете свеж сок од моркови.

1. Го чува здравјето на кожата
Благодарение на бета-каротенот, лутеинот и ликопенот во морковот со честа консумација ќе забележите како вашата кожа се разубавува и станува поблескава, додека брчките се намалуваат. Морковите се одличен сојузник против стареењето.

2. Го подобрува видот и ги штити очите
Бета-каротенот, лутеинот и зеаксантинот од сокот од морков го подобруваат видот. Бета-каротенот во телото се претвора во витамин А, пресуден за здравјето на очите и за добриот вид, дури и во позрели години. Благодарение на лутеинот, со редовна консумација на сокот, се намалува ризикот од катаракта и макуларна дегенерација.

3. Го намалува ризикот од мозочен удар и срцеви заболувања
Секојдневната консумација од една чаша сок од морков значително ќе го намали оксидативниот стрес, како и ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар.
Сокот од моркови го намалува и лошиот холестерол кој се доведува во врска со срцеви заболувања. Истражување покажа дека зголеменото внесување моркови во организмот може значително да го намали ризикот од срцев удар.

4. Превенција од различни форми на канцер
Со честата консумација на морков и сок од морков е можно да се спречат неколку облици на рак како леукемија, рак на простата, јајници и на дојки.
Картонеоидите, особено бета-каротенот, делуваат во организмот така што ги запираат оштетувањата на ДНК-та, мутациите и воспалителните процеси. На тој начин се дава силна заштита од карцином.

5. Го чува здравјето

Сокот од морков придонесува и за работата на мозокот, ја подобрува меморијата и ја зајакнува когнитивната функција. Го намалува оксидативниот стрес во мозокот и на тој начин спречува слабеење на сигналите кои ги испраќаат нервите.

6. Придонесува за здравјето на усната шуплина

Нутритивните состојки од морковот го зајакнуваат имунитетот и делуваат против штетните бактерии и токсини кои се собираат во непцата и усната шуплина. Нејзините минерали имаат силно антибактериско дејство.
Сокот од морков исто така го подобрува системот за варење и ги елиминира штетните бактерии од дигестивниот систем.

7. Одличен избор за трудници и бебиња

Сокот од морков е одличен избор за консумирање во текот и по бременоста затоа што содржи калиум, калциум, фолати, магнезиум и витамин А.
Калциумот ги зацврстува коските, а фолатите го намалуваат ризикот од дегенеративни нарушувања во развојот на фетусот. Витамините А и Ц од морковот помагаат мајката и бебето да развијат силен имунитет и да бидат поотпорни на инфекции.
Извор: kurir.mk

Ќе ви ја згрее душата и ќе ве воодушеви од првата голтка: Кафе ЛАТЕ со тиква

Ќе ви ја згрее душата и ќе ве воодушеви од првата голтка: Кафе ЛАТЕ со тиква

Во мало тенџере на средна топлина загрејте го млекото додека не се загрее, но не и врие. Сварете го кафето и истурете го во шолја, а потоа додадете го пирето од тиква, засладувачот, зачинот и екстрактот од ванила и убаво измешајте. Направете пена со жица за млеко, па...

Безброј придобивки од ѓумбирот, подгответе си здравје во чинија и чаша

Безброј придобивки од ѓумбирот, подгответе си здравје во чинија и чаша

Оваа разноврсна суперхрана има безброј здравствени придобивки, од лекување на болести до намалување на болката во мускулите. Но, поради што ѓумбирот е навистина толку супер? Без разлика дали сакате да додадете зачин во вашата храна или да го зачините кафето за огнен...

Сакате едно поинакво кафе: Овој рецепт ги воодушеви многумина

Сакате едно поинакво кафе: Овој рецепт ги воодушеви многумина

Сите состојки Состојки: 1 замрзната банана (исечена на прстени) ½ шолја кафе ½ шолја бариста млеко од растително потекло (или млеко по ваш избор) 1 лажица какао во прав 1 лажица ленено семе ½ чаша ванила или чоколаден протеин во прав 1 лажица путер од јаткасти плодови...

Направете го сами омилениот летен коктел дома: Уживајте како да сте во бар на плажа

Направете го сами омилениот летен коктел дома: Уживајте како да сте во бар на плажа

Најубавиот летен коктел за пријатно попладне или почеток на вечерта Од скромните почетоци во малите барови низ северна Италија, ритуалот на пиење Аперол се рашири низ континентите, а луѓето ширум светот се поврзуваат преку љубовта да уживаат во овој коктел, кој...