Тестенини со карфиол, сланина и пармезан

Окт 24, 2018 | Uncategorized

Карфиолот е „ин“ и тренди јадење, а ние ви нудиме интересен рецепт во кој може да го искористите.

Време на подготовка:10 минути
Време на готвење:30 минути
Количина:4

Состојки:
дебело исечени парчиња сланина – 100 грама
маслиново масло –
лебни трошки – 1/2 чаша
сол – 3/4 лажичка
свежо исечкан магдонос – 1 кафена лажичка
свежа мајчина душица (може и сува) – 1 кафена лажичка
црвен кромид – 1 главица
толчен лук – 3 чешниња
мали цветови карфиол – 4 чаши
фусили – 125 грама
изрендана кора од лимон – 2 кафени лажички
изрендан пармезан – 1/2 чаша

Инструкции:
Чекор 1

Ставете големо тенџере со посолена вода да се вари. Додека водата зоврива, продолжете со подготовка на останатиот дел од рецептот.

Чекор 2

Ставете ги парчињата сланина во голема тава за пржење на среден оган. Пржете до поруменување, односно дур не се изгуби масниот дел, околу 5-6 минути. Тргнете ја сланината од тавата, но оставете го маслото.

Чекор 3

Во друга тава ставете ги лебните трошки на среден оган и повремено мешајте. Тргнете ја тавата од оган и ставете ги лебните трошки во длабок сад. Промешајте со 2 лажички маслиново масло, малку сол, малку пипер, магдонос и мајчина душица.

Чекор 4

Зголемете го оганот. Ви треба околу лажичка ипол маст во тавата. Додадете го црвениот кромид, и гответе 4-5 минути. Додадете го лукот и гответе уште една минута. Пржениот кромид и лук додадете ги во садот со сланината.

Чекор 5

Додадете уште две лажички маслиново масло во тавата и додадете ги цветовите карфиол. Гответе 5 минути, и потоа намалете го оганот и гответе уште 5 минути.

Чекор 6

Во исто време кога почнувате со карфиолот, почнете со варење на тестенините. Гответе ги околу 8 до 10 минути, и пред цедењето тргнете настрана една чаша од водата во која се вареле.

Чекор 7

Додадете ја сланината и кромидот во тавата со карфиолот. Додадете кора од лимон, тестенините и ренданиот пармезан. Испрскајте со малку маслиново масло и дел од водата во која се вареле тестенините ако карфиолот ви изгледа сув. Послужете наросено со зачинети лебни трошки.

Рецептот го подготви шеф Сашка.Ѓ
Добар апетит !

ТОРТА СО ПЛАЗМА ЗА 20 МИНУТИ: Две совршени комбинации кои сите ги сакаат

ТОРТА СО ПЛАЗМА ЗА 20 МИНУТИ: Две совршени комбинации кои сите ги сакаат

Во продолжение погледнете како да подготвите плазма колач во неколку едноставни чекори. Постојат многу рецепти со мелени бисквити, но ретко кој е вака автентичен, со вкус кој се памети долго. Плазма колачот се подготвува многу брзо, со оглед на тоа дека на еден фил му...

ВИДЕО: Бурек по рецептот на баба

ВИДЕО: Бурек по рецептот на баба

Наместо сирење, може д Наместо сирење, може да биде со месо – и, навистина, добиваме врвен модифициран бурек, полн со фил. За овој врвен рецепт ќе ви биде потребно: 200 гр сирење; 500 гр потенки готови кори; 100 мл кисела вода; ½ прашок за печиво; 1 лажица кисела...

Памук колач: Со три состојки направете превкусен десерт

Памук колач: Со три состојки направете превкусен десерт

Чоколадото се става да се растопи на пареа Потребно е: 3 јајца 120 грама бело чоколадо 120 грама крем сирење (намаз од сирење) Подготовка: Чоколадото се става да се растопи на пареа. Одделете ги жолчките и белките и изматете ги белките додека не се стегнат. Кога...

Ова е рецепт за највкусните посни колачи

Ова е рецепт за највкусните посни колачи

Вистински хит на посните веселби се секогаш малите колачи. Гостите ги обожаваат, но на домаќинките им задаваат вистинска мака. Ги има толку многу и треба да го изберете најдобриот и највкусниот рецепт. Ви носиме рецепт за највкусните колачиња, по рецептот на баба: За...