Рецепт на денот: Пролетни крокети од компири

Мај 31, 2020 | Македонска Кујна

Топло и вкусно – одлична идеја за предјадење или оброк комбиниран со салата.

Состојки:

  • 500 гр компири
  • 4 парчиња млад кромид
  • 100 гр кашкавал
  • 1 јајце
  • Презла
  • 2 лажици брашно
  • Сол и бибер
  • Масло

Начин на подготовка:
Сварете ги компирите во посолена вода, и исечкајте го младиот кромид. Направете пире откако ќе се изладат компирите. Додајте рендан кашкавал, млад кромид, јајце, брашно, сол и бибер.

Од добиената смесата, со навлажнети раце формирајте крокети, ставете ги во презла и оставете ги да отстојат во фрижидер најмалку половина час. Пржете ги на масло од сите страни за да добијат златеста боја.

Објавена листата, ова се најлошо оценетите македонски јадења

Објавена листата, ова се најлошо оценетите македонски јадења

Популарниот портал за гастрономија, Taste Atlas, објави листа на најлошо рангирани македонски јадења, врз основа на оценките на корисниците на оваа страница. Најлоша оценка има кукурек, односно оценето е како најлошо јадење. Најдобра оценка од 10-те најлоши јадења...

Направете неодоливи КРОКЕТИ ОД КОМПИР: Крцкави однадвор, меки одвнатре – повкусни од купечките

Направете неодоливи КРОКЕТИ ОД КОМПИР: Крцкави однадвор, меки одвнатре – повкусни од купечките

Крокетите од компир најчесто се служат како додаток на главните јадења, а неодоливата комбинација на меко и крцкаво ги направи толку популарни. Се верува дека настанале во Франција кон крајот на 19 век. Можете да ги купите во продавница, но најдобро е сами да ги...

Заборавете на сите други рецепти: Ова е најдобрата смеса за палачинки!

Заборавете на сите други рецепти: Ова е најдобрата смеса за палачинки!

Подготовката на смесата за палачинки треба да биде една од наједноставните потфати во кујната, но колку и да изгледа едноставна подготовката на смесата, има чести дискусии за мали трикови што ќе обезбедат меки и вкусни палачинки. Овие трикови обично се поврзани со...

Рецепт за полнети печени патлиџани кои ќе ве одушеват со неверојатниот вкус

Рецепт за полнети печени патлиџани кои ќе ве одушеват со неверојатниот вкус

Вкусно и визуелно многу привлечно јадење – полнетите печени домати се вистинска рапсодија на вкус, боја и арома, а сите ќе уживаат во оваа комбинација. Кускусот е храна која се добива од здробена тврда пченица и е многу популарна храна во кујните на арапските земји....