Вкусен рецепт кој се подготвува едноставно.
Состојки:
- 300 гр. модар патлиџан
- 300 гр. тиквички
- 300 гр. доматен сос
- 350 гр. сирење
- 3 јајца
- 1 чаша павлака
- 1 лажичка сол
- Сушени зачини по желба
Начин на подготовка:
Модриот патлиџан и тиквичките исечете ги на кругови, посолете ги и оставете ги да отстојат еден час. Намачкајте го тавчето со масло, па наредете го прво модриот патлиџан, па додајте маслиново масло.
Потоа, додајте го доматниот сос, тиквичките и сирењето. Редете на овој начин сè додека имате од намириниците. Покријте со фолија и печете на 170 степени околу половина час.
Пред крајот, тргнете ја фолијата, прелијте со изматените јајца и преостанатото сирење па вратете го јадењето во рерна за да се запече.
извор: kurir.mk