Хранлив и заситувачки, црниот домат се подготвува на многу начини, но за денес се одлучивме да ви предложиме рецепт за предјадење. Доматите се многу ценет зеленчук во Индија, Кина и Јапонија. Потеклото му е од Индија и Шри Ланка, каде се одгледувал од пред 3000год.
Состојки:
- 1 црн домат
- 1 свеж домат
- 2 помала главица кромид
- 200гр павлака
- 100гр козјо сирење или фета, по избор
- Сол, пипер, маслиново масло
- Свеж магдонос, чили , пиперче.
Начин на подготовка:
Измијте го патлиџанот, исечете го на тенки кришки, малку посолете го о оставете го 15мин. на страна како би ја испуштил водата.
Секое парче притиснете го на хартиена салвета и прелијте неколку капки маслинов зејтин.
На скара или на тостер за топли сендвичи, испечете ги доматите па секој премачкајте го со павлака, попарете и на секој додадете му сирење.
Додајте лист од магдонос, замотајте и послужете на чинија.
Во тава со малку маслинов зејтин полека издинстајте иситнет лук и на коцки исечканиот домат, кој пред тоа сте го попариле и излуштиле.
Динстајте 15 мин. малку попарете, посолете и додајте ситно исецкана чили пиперка.
Динстајте уште 5 мин. па прелијте ги доматите и послужете.