ПОГАЧА

  • Состојки:
    околу 600гр брашно
    100мл јогурт
    100мл млеко
    50мл масло
    1 јајце
    1 белка
    1 ќесичка сув квасец
    1 лажичка шеќер
    1 лажичка сол
    За премачкување на тестото:
    100гр крем сирење
    100гр маргарин
    За премачкување на погачата пред печење:
    1 жолчка
    Сусам

Подготовка:
Се замесува тесто од наведените состојки.
Тестото се остава да стаса околу 30минути.
Стасаното тесто се расукува со дебелина од околу 5мм.
Се премачкува со маргаринот, врз маргаринот се нанесува крем сирењето.
Расуканото и намачкано тесто се сече на 5-6 ленти со широчина 6цм.
Секоја лента се врти во круг почнувајќи од средина на тавчето.
Лентите се додаваат онаму каде што завршила претходната.
Подготвената погача се остава да стаса околу 30 минути се премачкува со жолчка и наросува со сусам.
Погачата се пече во тавче број 24 обложено со хартија на 180С околу 30 минути.
Пријатно јадење!

Пријатно јадење!

Слични рецепти и на профилот на Kitchen4.Me

Мени