ПЕЧЕН КОМПИР ПИРЕ

by | Дек 25, 2017 | Предјадење

Овој интересен рецепт, освен што е вкусен, може да се приготвува и еден, па дури и двa дена порано. Сварете ги компирите, наредете ги во тава, завиткајте ги со пластична фолија и ставете ги во фрижидер. Кога ќе сакате топол оброк, наросете кашкавал, путер и лебни трошки и ставете го јадењето да се пече.

Состојки
5 лажици несолен путер
1,5 кг компири, излупени и исечкани на големи парчиња
сол
бибер
лебни трошки
рендан пармезан
Начин на подготовка
Замастете ја тавата за печење со путер.

Во голем сад ставете вода, додадете ги компирите и 1/2 лажица путер и оставете ги компирите да се сварат. Потоа исцедете.

Измешајте ги сварените компири со 2 лажици путер, и зачинете по вкус. Ставете ги компирите во тавата за печење. (Ако одлучите да го приготвувате јадењето подоцна, вака сварените компири можете да ги држите во фрижидер до 2 дена.)

Во мал сад измешајте ги лебните трошки, останатиот путер и пармезанот. Мешајте се додека смесата не се формира во поголеми трошки. (Вака измешаните состојки исто така можат да останат во фрижидер до 2 дена.)

Загрејте ја рерната на 200 степени. Наросете ја смесата со пармезан и лебни трошки над компирите и печете се додека не добиете златна и крцкава кора.

Recepti.mk
Recepti.mk4 weeks ago
Рецепт за полнети печени патлиџани кои ќе ве одушеват со неверојатниот вкус
Recepti.mk
Recepti.mk4 weeks ago
ЈАБОЛКА ВО ЛИСНАТО ТЕСТО! Вкусно уживање кое се топи во устата
Recepti.mk
Recepti.mk4 weeks ago
Едноставен рецепт за шпанска пита кој на сите им успева од прва