Овие две работи мора да ги имате на трпезата за Прочка

Фев 26, 2020 | Македонска Кујна

Во недела е голем празник.

На Прочка, според традицијата, помладиот бара прошка од постариот. Синот приоѓа кај таткото, братот кај брата си, ќерка кај мајка си, снаа кај свекрва, сестра кај сестра си и секој секому му вели:
„Прости ми“, а тој одговара: „Простено да ти е од мене и од Бога“. Така прави секој кон секого, и машко и женско, помладиот кон постариот, но и постариот кон помладиот.
За Прочка се прави заедничка вечера во семејството на која се запокладува со сирење и јајца. Вечерата завршува со амкање јајца за децата, што претставува детска радост и добро расположение. А вистинската смисла на сето тоа е дека пред постот, на последното јадење, запостуваме и ја затвораме устата со бело јајце и потоа, на Велигден ја отвораме и замрсуваме со црвено јајце. Мрсењето завршува во Белата недела, со бело јајце и пак започнува со јајце, но црвено – велигденско, на Велигден.
Утредента, првиот ден по Прочка е чист понеделник кога постот веќе започнал. Тоа е првиот ден од големиот Велигденски пост. Чист понеделник е така именуван затоа што започнува нешето очистување со постот – духовно и телесно.
Извор: kurir.mk

Објавена листата, ова се најлошо оценетите македонски јадења

Објавена листата, ова се најлошо оценетите македонски јадења

Популарниот портал за гастрономија, Taste Atlas, објави листа на најлошо рангирани македонски јадења, врз основа на оценките на корисниците на оваа страница. Најлоша оценка има кукурек, односно оценето е како најлошо јадење. Најдобра оценка од 10-те најлоши јадења...

Направете неодоливи КРОКЕТИ ОД КОМПИР: Крцкави однадвор, меки одвнатре – повкусни од купечките

Направете неодоливи КРОКЕТИ ОД КОМПИР: Крцкави однадвор, меки одвнатре – повкусни од купечките

Крокетите од компир најчесто се служат како додаток на главните јадења, а неодоливата комбинација на меко и крцкаво ги направи толку популарни. Се верува дека настанале во Франција кон крајот на 19 век. Можете да ги купите во продавница, но најдобро е сами да ги...

Заборавете на сите други рецепти: Ова е најдобрата смеса за палачинки!

Заборавете на сите други рецепти: Ова е најдобрата смеса за палачинки!

Подготовката на смесата за палачинки треба да биде една од наједноставните потфати во кујната, но колку и да изгледа едноставна подготовката на смесата, има чести дискусии за мали трикови што ќе обезбедат меки и вкусни палачинки. Овие трикови обично се поврзани со...

Рецепт за полнети печени патлиџани кои ќе ве одушеват со неверојатниот вкус

Рецепт за полнети печени патлиџани кои ќе ве одушеват со неверојатниот вкус

Вкусно и визуелно многу привлечно јадење – полнетите печени домати се вистинска рапсодија на вкус, боја и арома, а сите ќе уживаат во оваа комбинација. Кускусот е храна која се добива од здробена тврда пченица и е многу популарна храна во кујните на арапските земји....