МИНИ ПИЦА РОЛАТЧИЊА

Дек 13, 2017 | Пица

Потребни состојки:

  • 150 грама шунка
  • 1  лажичка шеќер
  • 100 милилитри масло
  • 300 грама кисела павлака
  • 100 грама кечап
  • 15   квасец
  • 100 милилитри вода
  • 600 грама брашно
  • 1   јајце

Подготовка:

Квасецот растопете го во водата и малку шеќер.

Додадете го во брашното, маслото, киселата павлака и јајцата.

Замесете меко тесто.

Оставете го да одстои барем еден час на топло.

Потоа што потенко исукајте, премачкајте го со кечап и посипете со оригано.

Наредете ја шунката исечена на листови.

Потоа изрендајте го сирењето, па изролајте го тестото и од едната и од другата страна, така што ќе добиете две ролни.

Сечете парчиња, наредете ги на плех и испечете ги на 200 степени додека да добијат убава црвена боја.

Посна пица со туна и печурки

Посна пица со туна и печурки

Во млаката вода истурете ги шеќерот и квасецот, а кога ќе нарасне квасецот додадете ги останатите состојки и замесете меко тесто. Месете го неколку минути и оставете го да стаса 30 минути. Расукајте го тестото и ставете го во тавче. Потоа намачкајте ја доматната паста...

Брзи мини пици со модар патлиџан

Брзи мини пици со модар патлиџан

Се прават едноставно, а вкусни се, прсти да излижете! Потребни состојки: -1 поголем модар патлиџан -Сол -Маслиново масло -1 тегличка готов болоњезе сос (може и сос од домати) -Свеж босилек -200g рендан кашкавал Измијте го модриот патлиџан и исечете го на крукчиња...

Оригинален италијански рецепт за пица Капричиоза

Оригинален италијански рецепт за пица Капричиоза

Состојки: тенко тесто за пица 1 шолја доматен сос 1 шолја артичока, исечкана на четвртинки 1 шолја моцарела 1 шолја сечени црни маслинки 6 листови пршута 1 шолја печурки, сечкани 2 варени јајца, по желба Подготовка: На тестото за пица распоредете го доматниот сос....

Уживајте во пица без грижа на совест: Ова е специјалитет за слабеење

Уживајте во пица без грижа на совест: Ова е специјалитет за слабеење

На прв поглед, оваа пица изгледа како и секоја друга. Но, на прв поглед, или веќе на првото залче, ќе сфатите дека нешто фали – кашкавал! Е сега, некој може да каже дека ова не е пица, па во тој случај можете да ја нарекувате „отворен сендвич“, но млечните производи...