Колачи од кокос – хит десерт

Фев 25, 2019 | Здрава храна

Кога егзотичната арома на кокосот ќе се спои со хедонистичкото уживање кое го доставува темното чоколадо се добива десерт од кој секогаш ќе посакувате парче плус.

Овие колачиња имаат специјално место во американската кујна (кокосови макаруни, coconut macaroons), но со мали модификации, се популарни во многу катчиња низ светот затоа што се многу едноставни и се приготвуваат со само неколку состојки.

За помалку од половина час можете да имате на трпезата кокосови колачиња кои се минимално крцкави однадвор и идеално сочни и слатки однатре, а најдоброто е што ризикот од грешки е речиси непостоечки, дури и за кулинарските аматери.

Состојки:

  • 300 гр кокос Витаминка (3 пакетчиња)
  • 100 гр шеќер
  • 4 белки од големи јајца
  • 2 мали лажички екстракт од ванила
  • прстофат сол
  • темно чоколадо

ПОДГОТОВКА

Во длабок сад измешајте ги белките, шеќерот, ванилата и солта. Со маталка рачно матете додека не добиете пенлива смеса.

Додајте го кокосот и мешајте. Кокосот треба да биде рамномерно навлажнет од течната смеса.

Со рацете оформувајте колачи во конусовидна форма, без да се трудите да создадете остар врв. (Совет: За колачите да имаат побогата текстура, по оформувањето, секој од нив поросете го со малку кокос.) Редете ги колачите во тава обложена со хартија за печење.

Печете ги колачите 15-20 минути во загреана рерна на 180°C, односно додека врвовите не заруменат. Откако ќе ги извадите од рерната, оставете ги да оладат.

Растопете чоколадо во микробранова печка или во сад над зовриена вода. Потопете ги во чоколадото или само дното, или и дното и врвот, или пак, со чоколадото напрскајте ги колачите. Изгледот зависи од вашите преференции, а колачите можете да ги служите и без воопшто да ги чоколадирате.

 

Колку навистина шеќер има во една банана?!

Колку навистина шеќер има во една банана?!

Со порастот на диетите со малку јаглехидрати во последниве години, често се слуша препораката дека кога јадете овошје, треба да избегнувате банани бидејќи „имаат премногу шеќер“. Со порастот на диетите со малку јаглехидрати во последниве години, често се слуша...

Здрави енергетски бомбици без шеќер и брашно готови за пет минути

Здрави енергетски бомбици без шеќер и брашно готови за пет минути

Слатките не мора секогаш да бидат нездрави и полни со шеќер и брашно. Од неколку состојки можете да направите хранливи енергетски бомбици, а потребни се само пет минути. Една од главните состојки се урмите, кои се многу здрави и пожелни во исхраната. Состојки: 200...

Сите пијат вода со лимон, но ова овошје е едноставно „магично“ – еве како да си направите енергетски еликсир

Сите пијат вода со лимон, но ова овошје е едноставно „магично“ – еве како да си направите енергетски еликсир

Истражувањата покажуваат дека сувото грозје е корисно и за крвниот притисок и за кардиоваскуларното здравје. Во народната медицина постојат различни природни пијалоци кои благотворно делуваат на организмот. Често слушаме за тоа колку е добро водата да се пие со лимон,...

Рецепт за домашен и ПОСЕН мајонез

Рецепт за домашен и ПОСЕН мајонез

За сите љубители на мајонез, ви носиме поздрава верзија за да уживате во омилениот намаз без да биде толку мрсен и нездрав. За сите љубители на мајонез, ви носиме поздрава верзија за да уживате во омилениот намаз без да биде толку мрсен и нездрав. Потребно е: 50 ml...