Кесадиља

Состојки

  • Големи тортиљи
  • Рендан кашкавал – се препорачува чедар
  • Маслиново масло
  • Сечкани печурки
  • Црни маслинки
  • Свежи домати, сечкани
  • Парчиња пилешко месо, претходно приготвено
  • Авокадо
  • Марула
  • Сол

Начин на подготовка
Загрејте ја тавата на среден оган. Ставете малку маслиново масло, а потоа ставете ја тортиљата.

Превртете ја неколку пати, печејки по 10 секунди на секоја страна.
Потоа наредете ги кашкавалот, и врз него и останатите состојки, сè освен марулата.

Намалете ја јачината на огнот и печете додека не се растопи кашкавалот. Превртете ја тортиљата на половина како да правите омлет.
Кога тортиљата ќе биде готова, тргнете ја од оган и ставете ја и марулата.