Моќта на храната: Девојката која се бори со болеста преку здрави рецепти

Јул 1, 2019 | Здрава храна

Ела Вудвард е типичен пример затоа дека здравата и правилна исхрана може да помогне враќање на виталноста на телото, па дури и во справувањето со тешките болести.

Во септември 2011-та година на Вудвард и е дијагностициран Postural Tachycardia Syndrome, заболување кое го напаѓа нервниот систем.

Не можела да се движи, спиела по 16 часа, а состојбата и ја влошувале и постојаните главоболки и проблеми со стомакот.

За да се справи со симптомите на болеста била принудена да зема 28 пилули на дневна база, но ниту тие не направиле поголема промена.

Откако се обидела со сите конвенционални медицински методи кои не покажале успех, се ориентирала кон алтернативниот начин и започнала со менување на својата исхрана.

-Преку ноќ ја променив исхраната, започна со диета базирана на растенија и се откажав од месото, шеќерите, глутенот и се што поседува хемикалии и адитиви, вели Вудвард.

Правилниот начин на исхрана се одразил врз нејзиното тело, па за кратко започнала да се чувствува подобро и полно со енергија.
Денес Ела има сопствен блог за здрава исхрана на кој ги промовира најновите рецепти и се труди да подготви што е можно повкусна храна.

Ми беше потребно многу време за да направам слатки рецепти, од кои не би ми било лошо. За да бидете среќни, потребно е да сте умерени. Блогот го направив со цел да се натерам себе си да смислувам нови рецепти, да испробам нови нешта и тоа ми тргна од рака, додава Ела.

Таа објаснува дека луѓето не мора да бидат радикални во својот пристап кон храната како што била таа бидејќи во нејзиниот случај сепак се работи за болест. Но, препорачува да внесат дел од здравата исхрана во својот живот бидејќи веднаш ќе забележат позитивна промена.

 

 

Колку навистина шеќер има во една банана?!

Колку навистина шеќер има во една банана?!

Со порастот на диетите со малку јаглехидрати во последниве години, често се слуша препораката дека кога јадете овошје, треба да избегнувате банани бидејќи „имаат премногу шеќер“. Со порастот на диетите со малку јаглехидрати во последниве години, често се слуша...

Здрави енергетски бомбици без шеќер и брашно готови за пет минути

Здрави енергетски бомбици без шеќер и брашно готови за пет минути

Слатките не мора секогаш да бидат нездрави и полни со шеќер и брашно. Од неколку состојки можете да направите хранливи енергетски бомбици, а потребни се само пет минути. Една од главните состојки се урмите, кои се многу здрави и пожелни во исхраната. Состојки: 200...

Сите пијат вода со лимон, но ова овошје е едноставно „магично“ – еве како да си направите енергетски еликсир

Сите пијат вода со лимон, но ова овошје е едноставно „магично“ – еве како да си направите енергетски еликсир

Истражувањата покажуваат дека сувото грозје е корисно и за крвниот притисок и за кардиоваскуларното здравје. Во народната медицина постојат различни природни пијалоци кои благотворно делуваат на организмот. Често слушаме за тоа колку е добро водата да се пие со лимон,...

Рецепт за домашен и ПОСЕН мајонез

Рецепт за домашен и ПОСЕН мајонез

За сите љубители на мајонез, ви носиме поздрава верзија за да уживате во омилениот намаз без да биде толку мрсен и нездрав. За сите љубители на мајонез, ви носиме поздрава верзија за да уживате во омилениот намаз без да биде толку мрсен и нездрав. Потребно е: 50 ml...