Сите ја ладиме лубеницата во фрижидер, но тоа е голема грешка

Јул 9, 2019 | Совети

Истражување кое било направено од американското

Министерство за земјоделство покажува дека сите ние кои лубеницата пред консумирање ја ставаме во фрижидер правиме грешка.

Имено, како што велат, експертите, лубеницата треба да ја држите на собна температура за да ги задржи сите хранливи состојки кои бги има.

Кога е студена, лубеницата губи најголем дел од витамините и хранливите материи.

Уште една работа која научниците ја откриле е дека лубеницата продолжува да создава витамини и хранливи состојки и откако ќе биде наберена, но повторно, само ако е на собна температура. Кога ќе ја ставиме во фрижидер, тој процес значително се успорува.

Во рамките на истражувањето научниците 14 дена ставале лубеница на 21, 12 и 5 степени и се испоставило дека оние кои биле чувани на 21 степен имаат 40 отсто повеќе ликопен и од 50 до 139 отсто повеќе бета каротен.

-Секоја намирница во фрижидерот губи здрави материи.

Затоа лубениците треба да се купат онолку колку што ќе пресметата дека ќе изедете и веднаш да ја консумирате.

Ако ви остане, најдобро е да ја изблендирате и замрзнете, па оставете за есен или зима.

Секогаш за секое овошје, поголема корист е ако ја косумирате веднаш или неисечена да ја замрзнете, а најмногу хранливи материи се губат кога исечена ја ставаме во фрижидер, велат научниците.

Сос од печурки: Оди со месо и риба, а се прави брзо и лесно

Сос од печурки: Оди со месо и риба, а се прави брзо и лесно

На загреано масло пропржете ситно сечкан кромид, па додајте измиени и исчистени печурки, сол и бибер. Се покрива со топла вода и се динста во покриена тава додека не омекнат печурките. Посебно измешајте ги брашното, павлаката и ситно сечканиот магдонос, па прелијте ги...

Како настануваат дупките во швајцарското сирење?

Како настануваат дупките во швајцарското сирење?

Производителите на ова посебно сирење ја користат бактеријата „Propionibacterium shermanii“ Швајцарското сирење има цврста, тврда маса, сладок вкус, а многу малку сол во споредба со другите сирења… Но, се чини, најпознато е по своите дупчиња. Марк Џонсон од Центарот...

Во одреден степен, млекото подобро ја гаси жедта од водата

Во одреден степен, млекото подобро ја гаси жедта од водата

Кога човек е жеден, обично зема чаша вода, но овој основен напиток во човековиот живот, не е она што најделотворно го рехидрира телото, посочува научен труд на шкотскиот Универзитет на Сант Андрас. Шкотските истражувачи открија дека водата, обична или газирана, доста...

ВНИМАВАЈТЕ СО СОЛТА: Зголемениот внес е опасност за развој на атеросклероза и кај луѓе со нормален крвен притисок

ВНИМАВАЈТЕ СО СОЛТА: Зголемениот внес е опасност за развој на атеросклероза и кај луѓе со нормален крвен притисок

Зголемениот внес на сол во телото е значаен фактор на опасност за развој на атеросклероза, дури и кај луѓе со нормален крвен притисок, посочува ново истражување спроведено во Шведска. Солта е штетна и пред развој на висок крвен притисок, вели написот објавен во...