Во одреден степен, млекото подобро ја гаси жедта од водата

Мај 10, 2023 | Совети

Кога човек е жеден, обично зема чаша вода, но овој основен напиток во човековиот живот, не е она што најделотворно го рехидрира телото, посочува научен труд на шкотскиот Универзитет на Сант Андрас.

Шкотските истражувачи открија дека водата, обична или газирана, доста добро ја извршува својата функција кога станува збор за брза хидратација на организмот, а во топло време, напивките со малку шеќер, масти, сол или протеини се уште покорисни бидејќи нè одржуваат хидрирани подолго време. Роналд Моган, професор на Медицинскиот факултет при Универзитетот, раководеше на испитувањата.

Меѓу факторите што влијаат на тоа колку напитокот хидрира е поврзан со неговиот состав. Така, млекото го хидрира телото подобро од обичната вода бидејќи содржи шеќерна лактоза, некои протеини и малку масти. Млекото исто така содржи сол, што делува како сунѓер и ја задржува водата во телото, што резултира со помалку глад.

– Написот нѐ потсетува на она што го знаевме претходно – електролитите, како што се натриумот и калиумот, придонесуваат за подобра хидратација, додека калориите содржани во напивката влијаат на побавното празнење на желудникот и затоа потребата за поретко мокрење, вели Мелиса Мајумдар, диететичарка која не учествуваше во испитувањата.

Сепак, пијалаците со повеќе концентрирани шеќери, како што се овошните или газираните сокови, не придонесуваат толку за рехидратација, како соковите со помалку шеќер.

– Напротив, зашеќерените пијалаци внесуваат во телото дополнителни шеќери и калории коишто не нѐ заситуваат како храна, појасни Мајумдар.

Сос од печурки: Оди со месо и риба, а се прави брзо и лесно

Сос од печурки: Оди со месо и риба, а се прави брзо и лесно

На загреано масло пропржете ситно сечкан кромид, па додајте измиени и исчистени печурки, сол и бибер. Се покрива со топла вода и се динста во покриена тава додека не омекнат печурките. Посебно измешајте ги брашното, павлаката и ситно сечканиот магдонос, па прелијте ги...

Како настануваат дупките во швајцарското сирење?

Како настануваат дупките во швајцарското сирење?

Производителите на ова посебно сирење ја користат бактеријата „Propionibacterium shermanii“ Швајцарското сирење има цврста, тврда маса, сладок вкус, а многу малку сол во споредба со другите сирења… Но, се чини, најпознато е по своите дупчиња. Марк Џонсон од Центарот...

ВНИМАВАЈТЕ СО СОЛТА: Зголемениот внес е опасност за развој на атеросклероза и кај луѓе со нормален крвен притисок

ВНИМАВАЈТЕ СО СОЛТА: Зголемениот внес е опасност за развој на атеросклероза и кај луѓе со нормален крвен притисок

Зголемениот внес на сол во телото е значаен фактор на опасност за развој на атеросклероза, дури и кај луѓе со нормален крвен притисок, посочува ново истражување спроведено во Шведска. Солта е штетна и пред развој на висок крвен притисок, вели написот објавен во...

Трошоците на живот повисоки за 13, а цените на мало за 10.1 отсто во споредба со април лани

Трошоците на живот повисоки за 13, а цените на мало за 10.1 отсто во споредба со април лани

Трошоците на животот во април 2023 година, во споредба со претходниот месец, се зголемени за 0.7, а цените на мало за 1.4 отсто. Во однос на април лани, пак, трошоците на животот бележат раст од 13.0, а цените на мало од 10.1 проценти, соопшти Државниот завод за...