Не правете ги овие грешки кога појадувате

Јул 9, 2019 | Совети

Појадокот е најважниот оброк во текот на денот па затоа потрудете се да ги избегнувате следните грешки по секоја цена.

Го прескокнувате појадокот
Ова е класична грешка и луѓето прибегнуваат кон неа поради недостигот на време или надевајќи се дека така побрзо ќе ослабнат.

Ако веќе немате време , подгответе си го појадокот претходната вечер или макара одлучете што ќе јадете наутро.

Јадете премногу
Општо е познато дека појадокот би требало да биде најобилниот оброк во текот на денот, но тоа не значи дека треба да се фрлите на храната како да не сте јаделе со денови, а особено не да се прејадувате со нездрави продукти.

Секој ден јадете исто
Знаеме дека е исклучително практично само да ставите корнфлејкс во чинија и да ги прелиете со млеко, но на тој начин на своето тело ќе му ги ускратите потребните витамини и минерали.

Ако веќе немате време наутро, испланирајте си го преку викенд менито во кое ќе бидат вклучени разновидни продукти, овошје и зеленчук.

По завршување на појадокот пиете вода или овошен сок
Веројатно веќе знаете дека ќе му направите голема услуга на вашиот организам ако добро го соџвакате секој залак пред да го проголтате.

Меѓутоа ако по оброкот испиете чаша вода, сок, кафе или чај , значително ќе го успорите варењето на храната.

Јадете набрзина на нога
Повеќето луѓе се будат 15 минути до половина час пред да излезат од дома, и попат ќе купат некое печиво кое го јадат набрзина на пат кон работа.

Оваа нездрава навика не само што негативно влијае врз желудникот, туку постојат шанси дека многу брзо повторно ќе огладните и ќе претерате со својот ручек.

Сос од печурки: Оди со месо и риба, а се прави брзо и лесно

Сос од печурки: Оди со месо и риба, а се прави брзо и лесно

На загреано масло пропржете ситно сечкан кромид, па додајте измиени и исчистени печурки, сол и бибер. Се покрива со топла вода и се динста во покриена тава додека не омекнат печурките. Посебно измешајте ги брашното, павлаката и ситно сечканиот магдонос, па прелијте ги...

Како настануваат дупките во швајцарското сирење?

Како настануваат дупките во швајцарското сирење?

Производителите на ова посебно сирење ја користат бактеријата „Propionibacterium shermanii“ Швајцарското сирење има цврста, тврда маса, сладок вкус, а многу малку сол во споредба со другите сирења… Но, се чини, најпознато е по своите дупчиња. Марк Џонсон од Центарот...

Во одреден степен, млекото подобро ја гаси жедта од водата

Во одреден степен, млекото подобро ја гаси жедта од водата

Кога човек е жеден, обично зема чаша вода, но овој основен напиток во човековиот живот, не е она што најделотворно го рехидрира телото, посочува научен труд на шкотскиот Универзитет на Сант Андрас. Шкотските истражувачи открија дека водата, обична или газирана, доста...

ВНИМАВАЈТЕ СО СОЛТА: Зголемениот внес е опасност за развој на атеросклероза и кај луѓе со нормален крвен притисок

ВНИМАВАЈТЕ СО СОЛТА: Зголемениот внес е опасност за развој на атеросклероза и кај луѓе со нормален крвен притисок

Зголемениот внес на сол во телото е значаен фактор на опасност за развој на атеросклероза, дури и кај луѓе со нормален крвен притисок, посочува ново истражување спроведено во Шведска. Солта е штетна и пред развој на висок крвен притисок, вели написот објавен во...