Маслиновите дрвја се меѓу најстарите култивирани дрвја по историјата, кои постоеле по медитеранската цивилизација уште пред минатата историја.
Маслинките и маслиновите дрвја се користеле како: храна, за готвење, како лек и како гориво за светилка.
Тие сакаат топли, суитронски климп, суви карпести парочки почви и солен морски ветер.
Затоа и одлично пиреат на Медитеранот и се една од главните состојки во медитеранската кујна. Маслината е скриеносеменец.
Содржи семка по која се наоѓа семето, обвиена со надворешен дел во кој маслото зазема околу 30 проценти и кога ќе се истиска се претвора во маслиново масло.
Околу 90% од маслиновите плодови во светот се користат за производство на маслиново масло,
Иако постојат стотици маслинови сорти, повеќето од нас знаат за зелени или црти, маслинки.
Всушност, маслинките може да бидат: црни, розово-виолетови, кафеави или зелени, во зависност од нивната фаза на зрелост при собирањето.
Ако се остават на дрвото, зелените маслинки ќе се претворат по кафеана, до живописно розово – виолетова, а потоа до црна, боја.
Значи зелените маслинки се рано обрано маслинки, а црните се оставени да созреат, па потоа се обрани.
Затоа зелените маслинки секогаш имаат поцврста конзистенција, тие се потврди и повеќе нагорчуваат од црните кои се посочни, помеки и го немаат тој горчлив вкус бидејки во текот на созревањето тој природно исчезнува. Тие имаат слични нутриционистички вредности.
Пребогати се со здрави моно и поли – незаситени масти кои исто така им даваат голем дел од калориската вредност.
Содржат малку протеини, јаглехидрати и диетални влакна, но немаат холестерол и транс масти. Застапени се и витамини и минерали во мали количини и тоа витамините А и Д.
Количината на солта е главниот фактор поради која се разликуваат маслинките.
Сите видови маслинки се преработуваат во саламура и содржат значителни концентрации на сол, но сепак зелените маслинки се тие кои содржат два пати поголеми количини на сол од црните.
Според експертите, добрата маслинка треба да биде цврста, да не е премногу мала или кашеста, а нејзините вкусови не треба да бидат преплавени со саламура или пак да се чувствува нејзиниот процес на преработка.
Тие не треба да бидат многу солени, ниту многу горчливи, туку треба да ја пренесат свежата арома на нејзиното дрво
- Грција – Kalamata : Најпознатите големи, црни, грчки маслинки. Каламата, маслиновите дрвја се наоѓаат во јужниот дел на полусотровот Пелопонез и околу градот Каламата.
- Италија – Castelvetrano: Светло зелена и слатка, кастелверано е една од најпопуларните маслинки во Италија.
Liguria се одгледуваат во Лигурија, северозападниот дел на Италија ( во близина на границата со Франција). Тие можат да зреат на дрво додека не се кафеави, виолетови или црни.
Gaeta Италијанска пурпурно – црвена маслинка од Пуља во Јужна Италија. Блага по вкус, со збрчкан изглед, најчесто спакувана со билки.
- Мароко – Beldi: црни,згужвани, солени маслинки.
- Турција – Gemlik: Од регионот Зејтинбаги на Северна Турција со црна боја, мали и средни по големина .
- Франција – Nicoise: Nicoise маслинките се со темно кафени до црни на изглет затоа што се берат целосно дозреани. Мали се и честопати спакувани со билки. Произведени во регионот во близина на градот Ница.
Nyon темно црни, масни маслинки од јужниот дел на Франција, сушени па отстоени во саламура.
- Arbequina мала кафеава маслинка од регионот на Каталонија во Шпанија.
Gordal Најголема маслинка која се одгледува во Шпанија. Џамбо маслинки , зелени по боја со потекло од Севиља во регионот Андалузија
Manzanilla Зелена боја, саламурена често се користи во комбинација со пимиентос ( црвени пиперки ).