Не дозволувајте да ве залажат со диети без јаглехидрати – тие мораат да останат составен дел од вашата исхрана за воопшто да може да се нарече здрава и урамнотежена.
Меѓутоа, сосема е поинаква приказната доколку спомнуваме добри и лоши јаглехидрати.
Или уште подобро, сосема е поинаква приказната ако спомнеме дека не се само интегралните житарки полни со добри јаглехидрати.
Во добрите, уживајте слободно. Во лошите, уживајте колку што можете помалку.
Бидејќи реално, освен вкусот, таквите немаат ништо друго добро.
Најдобри извори на јаглехидрати
- Свежо овошје
- Свеж зеленчук
- Грав
- Грашок
- Леќа
- Кафеав ориз
- Киноа
- Зоб
- Семки од тиква
- Чиа семе
- Компир
- Семки од сончоглед
- Кикирики
- Бадеми
- Лешници
- Ореви
- Интегрални житарки
Лоши јаглехидрати
- Овошни сокови
- Кекси
- Колачи
- Бисквити
- Бел леб
- Тестенини
- Слатки и чоколада (освен темна чоколада)
- Сладолед
- Смрзнат јогурт
- Овошен јогурт
- Помфрит
- Чипс од компири
Зошто овие се добри, а другиве не се?
Целата листа на добри јаглехидрати има висок удел на влакна, природни шеќери, низок гликемиски индекс,
полека се варат што значи дека подолго го снабдуваат телото со енергија и подолго ве држат сити.
За разлика од нив, лошите јаглехидрати го прават спротивното – имаат малку влакна, многу рафинирани состојки, многу шеќер, а малку енергија.
Се варат брзо, што значи дека за кратко време пак ќе бидете гладни, а на организмот нема да му бидат од корист и ќе ги претвори во масти.
Имаат висок гликемиски индекс и лошо влијаат на вашата линија.