Вкусен и здрав: Направете си домашен кечап

by | Окт 17, 2022 | Здрава храна, Македонска Кујна

Љубител сте на кечапот и без него не може да помине ниту еден ваш оброк? Време е да направите домашен кечап, вкусен и здрав, без вештачки бои и конзерванси.

За подготовка на домашниот кечап ќе ви биде потребно:

  • 4 килограми мелени домати
  • 200 грама шеќер
  • 120 грама густин
  • мала чаша оцет
  • 80 грама сол
  • две лажици оригано

Подготовка:

Од 4 килограми сомелните домати, одвојте половина литар, смесата да биде ладна и помешајте ја со сите други состојки.

Преостанатите домати варете ги половина час и додајте ја разматената смеса, а потоа варете ги состојките заедно уште 10 минути со повремено мешање.

Ако планирате да стои подолго, односно да го имате и преку зимата, ставете и една кесичка конзерванс.