Сите сакаме да го јадеме, а знаеме дека е калоричен: Има една тајна за да направите здрав и вкусен помфрит

Мај 10, 2023 | Брза храна, Здрава храна, Македонска Кујна

Помфритот е идеален додаток за хамбургери или друго месо на скара. Сепак, многу луѓе го јадат и како главно јадење, со малку салата.

Но, поради начинот на подготовка кој бара пржење во големи количини масло, помфритот е меѓу намирниците кои воопшто не се најздравиот избор. Компирите сами по себе се многу добар извор на витамините Б, но откако ќе се натопи во врело масло, оваа нискокалорична храна се претвора во калориска бомба која го зголемува лошиот холестерол.

За среќа на многумина, можно е да се подготви и без масло, а вкусот е исто толку добар благодарение на една состојка.

Тајната е во белката

Освен компири, за оваа поздрава варијанта на помфрит ќе ви требаат белки од јајца и зачини по вкус. За почеток, излупете ги компирите и исечете ги за да добиете форма на помфрит. Потоа валкајте го во изматени белки во кои претходно сте додале зачини по желба.

Помфритот наредете го во плех обложен со хартија за печење и печете го во загреана рерна на 200 степени додека не поруменат.

Времето на печење ќе зависи од моќноста на рерната.

Благодарение на „лушпата“ од белка ќе ја добие добро познатата крцкава кора, а внатрешноста ќе остане совршено мека.

Го правеа и нашите баби: Круши во сируп – најдобар посен деликатес

Го правеа и нашите баби: Круши во сируп – најдобар посен деликатес

Идеален деликатес за време на постот. Го јаделе нашите баби. Лесно се подготвува, вкусен е и здрав. Потребно ви е: 1 килограм тврди круши 100 грама шеќер 1 кесичка ванилин шеќер Начин на подготовка: Излупете ги крушите, исечете ги на половина и извадете ги семките....

Најздравата вечера на светот: Ќе внесете многу витамини и ќе го зајакнете имунитетот додека трепнете

Најздравата вечера на светот: Ќе внесете многу витамини и ќе го зајакнете имунитетот додека трепнете

Заедно со овесни снегулки, ќе ја добиете најздравата вечера. Заедно со овесни снегулки, ќе ја добиете најздравата вечера. Смути со овошје и мед. Заедно со овесни снегулки, ќе ја добиете најздравата вечера. Потребно е: – 1 јаболко – 1 банана – 2 децилитри млеко – 1...

Нутриционист предупредува: Банани не треба да јадете за појадок

Нутриционист предупредува: Банани не треба да јадете за појадок

-Бананите изгледаат како совршен избор, но имаат 25 проценти шеќер и се умерено кисели. Тоа на почетокот ќе ви даде енергија, но наскоро ќе бидете уморни и гладни, изјавил нутриционистот. Ако сте како повеќето луѓе, наутро во брзање, значи дека појадувате нешто што...

Брзи мини пици со модар патлиџан

Брзи мини пици со модар патлиџан

Се прават едноставно, а вкусни се, прсти да излижете! Потребни состојки: -1 поголем модар патлиџан -Сол -Маслиново масло -1 тегличка готов болоњезе сос (може и сос од домати) -Свеж босилек -200g рендан кашкавал Измијте го модриот патлиџан и исечете го на крукчиња...